Ресетирање На Лозинка

сигурна реализација
Резултатите од пребарувањето

Велигден 2024 ВИЕНА 3 НП – Виена,Братислава,Пандорф,Шенбрун,Виенски Шуми,Австрија

ВВ ( ноќевање со појадок ), Велигден 2024
|0 Спални соби|

опис

Виена 3НП ( Братислава- Пандорф – Шенбрун – Виенски шуми) – Велигден

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Tермин:01 Мај

 1 ден  01.05.2024 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 11.30 ч. и поаѓање за Виена во 12:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден  02.05.2024 Виена

Планирано пристигнување во претпладневните часови во  eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај  ВиенаПо предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

 3 ден  03.05.2024 OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF – Братислава

Појадок. По појадокот можност за целодневен излет. Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… . Во пладневните часови, продолжуваме накај  Братислава. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Ноќевање.

4 ден  04.05.2024 Виенски шуми

Појадок. После појадокот можност за излет до  Виенски Шуми (полудневен излет). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи.  Во попладневните часови враќање во Виена.  Слободно време за индивидуални прошетки низ ццентарот на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

 5 ден  05.05.2024 Шенбрун – Дунавска Кула  

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета  – трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед –  360о на градот). Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден  06.05.2024 Скопје

Планирано пристигнување во Скопје во пладневните  часови( во зависност од граничните премини).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.03.2024: 209€ /12.960 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 €14.820 ден.

  Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 3 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 15
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 50€ – мин. 25 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25
  • Излет OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF – Братислава – 40
  • Патничко осигурување – 200 ден (за лица до 60 год)
  • Доплата за еднокреветна соба 3 600 ден
  • Туристичка такса 2€ по лице на ден
  • Доплата заседиште по избор 20€
  • Доплата за дополнително седиште 120€

 НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.
адреса
Град:
Област:
Округот: Виена
Државната: Австрија
Земја: Австрија
детали
Имотната Состојба: сигурна реализација
Имот ID: 42352
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

октомври 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минато
денес
резервирано
209 евра
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
209 евра