Велигден 2025 ВЕНЕЦИЈА – Венеција,Мурано,Бурано,Торчело,Фиренца,Италија
опис
Венеција со островите Мурано,Бурано,Торчело -Италија – Велигден 2025
1.Ден 17.04.2025 (Четврток) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај перална) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.
2.Ден 18.04.2025 (Петок) ПАЛМАНОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во утринските часови во Италија. Попатна посета на еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia – Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi’s, Marc O’Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето можност за уживање на плажа во Лидо ди Јесоло брегот на Јадранското Море. Ноќевање.
3.Ден 19.04.2025 (Сабота) МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Ден предвиден за целодневен излет до Убавицата на морето – Венеција и островите во венецијанската лагуна Мурано, Бурано и Торчело. Турата започнува со крстарење по островите на Венецијанска лагуна. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. Продолжуваме со посета на Торчело, островот кој бил првиот прв и густо населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со историјата на историјата. Патувањето продолжува со трасфер со брод до Венеција. Пешачки разглед низ градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и прегледи и уживање во убавата Венеција. Во договореното време со водичот заминување од Венеција и очите во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
4.Ден 20.04.2025 (Недела) ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и лулката на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: реката Арно, Стариот Мост – Понте Векио, Старата Палата – Палацо Векио, Дуомото – Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во доцните попладневни часови во времето со водичот на договор во хотел. Ноќевање.
5.Ден 21.04.2025 (Понеделник) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија, прошетка и запознавање на Верона ја правиме релаксирано со придружникот на групата. Ќе поминеме покрај Арената и Плоштадот Бра, преку пешачката улица Виа Мацини ќе го возиме до Плошдатод Ербе и Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки, разгледи и ручек. Можност за шопинг во некои од продавничките со познати брендови откриени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови во договор со водичот на групата, заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински и гранични формалности.
6.Ден 22.04.2025 (Вторник) СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ПРОМО цена за резервации до 31.03.2024 – 179€/ 11.098 мкд
Редовна цена – 219€/13.578мкд
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3* во основата Венето на база 3 ноќевања со појадок
– Организирана посети на градовите според програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучена:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Факултативна екскурзија крстарење и посета на островите Мурано, Бурано, Торчело и Венеција – 60€
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 55€
– Доплата за туристичка такса (5€ по лице од ноќ)
– Влезници по културно – историските познати и индивидуални трошоци
***ПРОМО пакет за пријава на пакет со сите факултативи 105€ наместо 115€!!!
Напомени :
– За реализација на аранжманот е минумум од 40 патници.
– За патувањето е валиден биометриски пасош, повисоко 3 месеци пред истиот од датумот на очите.
– За една соба доплата е 60€ на цената на аранжманот.
– Трето возрасно лице на дополнителен кревет добивате -10% попуст од цената на аранжманот.
– Дете 2-12 години. во придружба на 2 студенти на дополнителен кревет -10% попуст од цената на аранжманот.
– Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
– Организацијата го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на објавен.
– Пријавувањето за факултативи е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, плаќање на лице место во евра.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
– За овој аранжман важат Општи Услови на патување на СКТМ и МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.
детали
Property Status: попуст за рана резервација
Property ID: 45219
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
интернет пристап
климатизер
Other Features
TV - телевизија / телевизор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed
Availability
март 2025
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 |
април 2025
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 |
past
today
booked