Reset Password

попуст за рана резервација
Your search results
По лице 279 евра Промо
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share

Нова година 2025 СОКО БАЊА 2 ноќи – Сокобања,Србија

Нова година 2025
|0 Bedrooms|

опис

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртањ на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал

Хотелот  Бањица се наоѓа во мирниот дел на Соко Бања, во близина на бањскиот парк и атрактивните пешачки стази на почетокот на кањонот на реката Моравица и на 15мин.пешачење до центарот на Сокобања.

31.12.2024 (Вторник)        Скопје-Сокобања

Состанок на групата на паркингот на ВИП Хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања. Сместување во Хотел Бањица , кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до цантарот. Слободно време. Прошетка низ поширокиот центар на Сокобања (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор. Вечерта дочек на Новата Година во Хотел Бањица, со забавна музичка програма и богато мени.Ноќевање.

01.01.2025-(Среда)            Сокобања

Појадок. Организирано дружење во центарот на Соко бања  (Башта отвореног срца). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности или можност за посета на термалните базени во Соко Терме. Вечерта организирана свечена вечера во хотелот. Ноќевање.

02.01.2025-(Четврток)      Сокобања-Скопје

Поајадок. Во 10.00час одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во 12.00час. поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во  доцните попладневни часови.

 

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 10.11: 27 (17.300,00 мкд)

РЕДОВНА ЦЕНА: 299  (18.540 мкд)

 

Цената на аранжманот вклучува:

*Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

*2 ноќевања со појадок, ручек и вечера

*Две свечени вечери на 31.12 (трубачи  и лутрија) и на 01.01, со богато мени со музичка програма

*Неограничени  домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци на 31.12

*Организирано дружење во центарот на Сокобања

*Користење на џакузи базенот

*Организација и придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

*Здраствено и патничко осигурување

*Индивидуални трошоци (влезница за во термалните бањи)

 

Мени за свечена вечера:

31.12- Новогодишна закуска, пита  со павлака, шницла Бањица, свинско и јагнешко печење, салата од свеж зеленчук, новогодишна торта

01.01-Ордевер Бањица, похован кашкавал со татар сос, 3 парчиња месо на скара, салата од свеж зеленчук, баклава или тулумба

 

Попусти:

Деца до 12год, во 1/3 или 1/4 соби со новогодишно мени-50% попуст

Намалување за сопствен превоз -10€/ 620мкд

 

Напомена:

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред тргнување.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање

Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот или личната карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

адреса
County: Сокобања
State: Србија
Country: Србија
детали
Property Status: попуст за рана резервација
Property ID: 43952
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
џакузи (топла бања)
Other Features
FB Полн пансион
TV - телевизија / телевизор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner
x
По лице 279 евра Промо