Авионски аранжмани ДЕКЕМВРИ МАДРД 3 ноќи – Мадрид,Шпанија
опис
Мадрид во Декември
Ве водиме во Мадрид -шпанска престолнина, град кој никогаш не спие и кој сигурно нема да Ве остави рамнодушни! Мадрид нуди културна авантура, позната гастрономска и ноќна сцена и врвен шопинг. Препуштете се на страсното фламенко, вкусете врвна гастрономија и најфини уметнички дела за вашата душа.
Средба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. По пристигнувањето на аеродромот во Мадрид, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување.Ноќевање.
Појадок.После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на шпанската престолнина, каде прво ќе го посетиме постариот дел од градот и неговите познати плоштади, а потоа и поновиот дел од градот. Плаза де Еспања, Пуерта дел Сол,Плаза де Кастиља, и ќе направиме пауза на главниот градски плоштад Плаза Мајор и ќе имаме можност да го видиме најстариот градски ресторан Собрино де Ботин, продолжуваме со катедралата Санта Марија де Реал де Алмудена, Латинскиот кварт, споменикот на Филип IV,Кралската палата Паласио Реал, Гран Виа, Ајунтаменто де Мадрид-зградата на градскиот совет, Пуерта де Алкала,триумфалната капија која се смета за една од најстарите постримски триумфални капии во Европа,постара од онаа во Париз или Берлин-Плаза де ла Индепенденсија. По ручекот, предлагаме посета на еден од фантастичните музеи со кои може да се пофали Мадрид Прадо,кој е еден од најбогатите музеи во светот,со најдобрата светска колекција на дела од познати шпански уметници : Веласкез,Ел Греко,Гоја,Рибера,Муриљо,или “Центро дел арте Реина Софија”-со постојана изложба на дела од сликарите Миро,Дали каде што се наоѓа познатата “Герника” на Пикасо.Предлагаме прошетка низ Ретиро,познатиот кралски парк во центарот на градот,популарно место за одмор за жителите на градот,кој вклучува езерце,градина со рози,неколку музеи,стаклениот павилјон Паласио де Кристал,изграден по лондонскиот Кристален дворец,познати шеталишта со разни скулптури…. Вечерта,предлагаме вечера со фламенко(со доплата).
Одјавување од хотелот.Препорачуваме посета на Кралската палата од 18-тиот век,една од најдобро зачуваните во Европа,симбол на Мадрид,каде што се одржуваат најважните кралски церемонии,додека за сите љубители на фудбалот е задолжителна посета на стадионот Сантјаго Бернабеу.Дефинитивно препорачуваме уште една сангрија со тапас на сончевата тераса пред заминување.Во договореното време,трансфер до аеродромот Барахас.
Цена по лице: 520 € во 1/2 соба
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |




