Авионски аранжмани НОЕМВРИ БАРСЕЛОНА – Барселона,Шпанија
опис
Барселона во Ноември 2025 (13.11.2025 – 16.11.2025)
Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Ла Рамбла“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 449 €; ЗА ПРВИТЕ 8 ЛИЦA – РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €
Состанок на групата во 16:30 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 18:30 ч. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување во HOTEL BEST AUTO HOGAR 3***. Ноќевање.
Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија … Слободно време а потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност за посета на шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза или шопинг. ..Индивидуално враќање во хотел. Навечер Ви препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Ноќевање.
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Појадок во хотел. За денешниот ден е предвидена индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата. Слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром, полетување за Скопје во 21:40. Пристигнување во 01:00 часот.
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |





