Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето

Велигден 2024 БИДУМПЕШТА – Будимпешта,Виена,Сент Андреа,Унгарија

Велигден 2024
ВВ ( ноќевање со појадок ), Велигден 2024
|0 Спални соби|

опис

Будимпешта 3НП ( Виена – Сент Андреа-Естергом – Вишеград)

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
Термин: 01 Maj

1 ден  01.05.2023 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 15.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 15.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   02.05.2024 БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Ноќевање.

3 ден   03.05.2024 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод  по Дунав . Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден   04.05.2024 БУДИМПЕШТА  – ЕСТЕРГОМ – ВИШЕГРАД – СЕНТ АНДРЕА   По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта .  Враќање во хотел. Ноќевање. Враќање во Будимпешта.  Враќање во хотел. Ноќевање

5 ден    05.05.2024 БУДИМПЕШТА  Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните  часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден  06.05.2024СКОПЈЕ  Планирано пристигнување во Скопје во утринските  часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.02.2024:  209 / 12.960 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  239 / 14.820 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 300 денари
  • Крстарење по Дунав  20€
  • Посета на Сент Андреа, Естергом и Вишеград  50€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  50€
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 15€

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа, Естергом Вишеград – 120€

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Туристичка такса 3€ по лице на ден
  • Доплата за избор на седиште 20€
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Доплата за еднокреветна соба  4.500 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МС – ТРАВЕЛ СЕРВИС
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
адреса
Област:
Округот: Будимпешта
Државната: Унгарија
Земја: Унгарија
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 41761
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
климатизер
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

септември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
октомври 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
209 евра
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
209 евра