Велигден 2024 САРАЕВО – Сараево,Мостар,Босански Пирамиди, Босна и Херцеговина
опис
Тура за Велигден во Босна со 2 ноќевања во Сараево која е наменета за сечиј вкус, од историја и култура до природа и убавина. Нашите тури за Босна се доста познати и препознатливи. Босанските пирамиди, Сараево, Мостар, Врело Буне, Тунел спаса, Бункерот на Тито, Вишеград, Андриќград, Јабланица се дел од нашата програма, посета на православна црква во Сараево за христовото воскресение.
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
Пристигнување во утринските часови во Сараево. Разглед на градот со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Упатување кон хотел. Сместување. Ноќевање.
Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија 😊 Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. Екскурзијата продолжува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 од Мостар, ВРЕЛО БУНA, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Место е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Исто така ова место е омилено за сите фотографи 😊 Групата има слободно време за прошетка и останати активности. По посетата групата се упатува кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Во Мостар има КВАРТ каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата БАЛАТ во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат. Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот. Слободно време околу 3 часа. Враќање во Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање
Доручек во хотелот. Поаѓање кон Вишеград и Андриќград oколу 10:00ч. Во Вишеград ве очекува локално крстарење по Дрина каде ќе ја видите куќата што живеел Иво Андриќ, да ја слушнете легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат уште како камен град чиј инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар е изграден по иницијатива на Емир Костурица, а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка и ручек. Заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во период од 00:00-03:00ч
Хотелско сместување со 3*
Хотелот се одредува на 5 дена пред реализација на тура кога ќе се затвори продажбата на аранжманот.
Редовна цена на аранжманот: 119 €
Цена за уплата до 30.03.2024 – 99 €
Availability
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |