Винарии Македонија АРАБЕСКА – Винарија “АРАБЕСКА“, с. Сопот,Кавадарци,Македонија
опис
Семејна винарија “АРАБЕСКА“ – с. Сопот, Кавадарци
“Арабеска” е мала семејна винарија во сопственост на семејството Стојчеви. Лоцирана е во село Сопот оддалечено 6 километри од градот Кавадарци, во срцето на Тиквешкиот регион познат по квалитетните лозови насади.
Самата винарија е регистрирана 2021 година. Целокупното произведено вино е од сопствени лозови насади. Произведено од почеток до крај од вредните раце на сопствениците, со многу љубов и посветеност. Винаријата е продолжување на традицијата од предците, дедото Милан дипломиран инженер агроном кој несебично се залагал да се подигнат квалитетни лозови насади применувајќи нови и софистицирани методи во лозарството и винарството. Прв во Сопотскиот атар ги наводнувал лозовите насади со систем капка по капка, со што придонесувал за екологијата и рационалното користење на водата.
Производството на вино бара исклучителна посветеност, време и енергија потрошени на лозјето и во винаријата, но резултатите се исклучителни.
Денеска, Кирил вели дека се горди на сопствените вина, показател за квалитетот се минатогодишните Златни награди за Ркацители и Вранец и Големо злато за Розе од сортата Вранец на која се особено горди.
Брендот од традиционалниот и современиот метод на производство кулминира со создавање на нивните препознатливи вина, кои се добиваат од сопствен лозов насад од 16 декари. Во иднина покрај Вранец и Ркацители на репертоарот ќе се најдат и сортите Рајнски Ризлинг и прочуеното Каберне Совињон.
Можност за дегустација на вината има во самиот подрум во склоп на винаријата кој е адаптиран за таа намена, а чувството е уникатно, бидејќи ги сели гостите во дамнешни времиња благодарение на автентичноста на подрумот и изразената архитектура на старата македонска селска куќа, со свои камени ѕидови, дрвени греди и огништето како центар на случување. Капацитет кои ќе овозможи оптимално доживување е до 12 гости, вели Кирил.
Во склопот на винаријата изградени се 5 Луксузно опремени Студиа од кои се 2/2 и 3/3 студија.Истите се пуштени во употреба од 1-ви Мај 2024 година.
Што се однесува до идните планови на оваа мала просперитетна семејна винарија, тоа би било доближување до консументите преку организирани дегустации на сите видови на произведено вино, бидејќи самото место има огромен потенцијал за селски и вински туризам, па на гостите покрај грозјето и виното ќе им биде понудена мирна и спокојна атмосфера за одмор под ведрото небо во нашите Луксузни Апартмани/Студија.
На тимот на МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС му е драго што денеска има уште една винарија во својот свет, мала семејна винарија која прави големи работи за промоцијата на туризмот во Македонија.
Ценовник на Апартманско сместување 2024:
1 НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК | ЦЕНА ЗА СОБА |
1/1 Студио | 35 € |
1/2 Студио | 45 € |
1/3 Студио | 60 € |
Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
Доплата и попусти:
Деца до 6 години – бесплатно ( спијат во кревет со родителите )
Деца од 6-14 години – доплата 20 евра
Доплата за полупансион:
-Ручек со салата, главно јадење и десерт по наша препорака 650мкд-11евра (не е вклучен пијалок).
Цената вклучува:
- Ноќевање со појадок
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Предлог ручек или вечера со винска дегустација:
Нашата богата палета на врвни вина овозможува нашите гости да имаат уникатна винска дегустација. Овде имате единствена можност да пробате вино произведено од наши сопствени лозови насади, Ви ги нудиме нашите специјални вина коишто не можете да ги најдете во продажба на пазарот.како што се:
- ВРАНЕЦ,
- РОЗЕ,
- РИЗЛИНГ ( полусуво вино ),
- РИЗЛИНГ ( суво вино ) ,
- РКАЦИТЕЛИ,
- КУВЕ “КАРАЏО“ – ВРАНЕЦ/КАБЕРНЕ
- СТАРА ЖОЛТА РАКИЈА ,
- СТАРА ЖОЛТА – ПРЕПЕК.
Основна дегустација:
Ние произведуваме и ви нудиме 6 различни вина . Сите вина се направени од грозје од наше лозје. Секое вино има свој карактер, а во исто време сите го носат специфичниот карактер на тероарот на винарија АРАБЕСКА..Од наше производство ви нудиме и одлична стара жолта ракија . Ви нудиме широк избор на специјалитети од традиционална македонска и интернационална кујна кои се направени од состојки кои воглавно ги набавуваме локално.За ваше посебно уживање, ви нудиме и различни, уникатни дегустации на нашите производи комбинирани со храна.
- Дегустација на 5 вина, во прилог сува даска ( 2 вида кашкавал, 2 вида сирење, пршута, плацента, ајвар и проја ). Минимум од 3 – 12 особи Цена: 25 €
2. Дегустација на 5 вина, во прилог традиционална Македонска храна ( Баник, Проја,Кравјо биено сирење,Овчко домашно сирење,домашна сланина,домашен ајвар,тавче гравче,лутеница, пиперка во урда, ( 5 макалаво зависност од сезоната ) Минимум од 3 – 12 особи ЦЕНА: 35 €
Ви посакуваме пријатен престој во нашите Апартмани и Винарија…
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите информации за патување на СКТМ и Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС
Availability
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |