Reset Password

Your search results

Винарии Македонија ПОПОВА КУЛА – Попова Кула,Демир Капија,Македонија

Винарии
Винарии Македонија
|0 Bedrooms|

опис

You are currently viewing Винарија „Попова Кула“ – Демир Капија 2024

Винарија „Попова Кула“ – Демир Капија

ОПИС:

Околината на Винаријата Попова Кула ви нуди можност да уживате во една поразлична приказна. Покрај тоа што имате можност да научете нешто повеќе за душата и аромите на виното,имате можност и да се поврзете со недопрената природа во околината.

Хотелот на Попова Кула располага со 28 соби и 5 апартмани опремени со Интернет, сателитска ТВ, балкон, ориентација Ј/ЈЗ.

Цени за хотелско сместување 2024:  

1 НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК ЦЕНА ЗА СОБА
1/2 СОБА 80 €
1/1 СОБА 60 €
1/2 АПП. СО ЏАКУЗИ 120 €
1/1 АПП. СО ЏАКУЗИ 80 €
1/2 АПП “КАРТОШИЈА” 130 €
1/2 АПП. “СТАНУШИНА И СТАНУШИНА БЕЛА” 100 €

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност  1€ = 62,00 мкд

Доплата и попусти:
Деца до 7 години – бесплатно
Деца од 7-18 години – доплата 10 евра
Над 18години – доплата од 20 евра

Доплата за полупансион:

-Ручек со салата, главно јадење и  десерт по наша препорака 650мкд-11евра (не е вклучен пијалок).

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Предлог ручек или вечера со винска дегустација:

Нашата богата палета на врвни вина овозможува нашите гости да имаат уникатна винска дегустација. Овде имате единствена можност да пробате вино произведено од автохтони македонски сорти на грозје,
како што се: Станушина, Жилавка, Прокупец и Вранец. Како ексклузивна понуда Ви нудиме наши специјални вина коишто не можете да ги најдете во продажба на пазарот.

Основна дегустација:

Ние произведуваме и ви нудиме 22 различни вина од 10 различни сорти на грозје. Сите вина се направени од грозје од по едно наше лозје. Секое вино има свој карактер, а во исто време сите го носат специфичниот карактер на тероарот Попова Кула.
Од наше производство ви нудиме и одлична стара жолта ракија и вишњовка. Ви нудиме широк избор на специјалитети од традиционална македонска и интернационална кујна кои се направени од состојки кои воглавно ги набавуваме локално.
За ваше посебно уживање, ви нудиме и различни, уникатни дегустации на нашите производи комбинирани со храна. Ве молиме да приметите дека две од дегустациите (Македонска Поседенка – Ќеиф и Демир Капија ) ги нудиме со цена по чаша за вината.
Другите дегустации се со цена по шише за вината. Едно шише од 0,75лит може да се употреби за дегустација до 7 лица. За поголеми групи потребни се соодветен број на шишиња вино од секој тип. Се разбира можете и вие во разговор со нашите келнери
да направите и ваша комбинација за дегустација. Ви посакуваме добар апетит и пријатен и незаборавен престој кај нас.

Класик 
Совињон Блан
Каберне Класик
Порција пршута и специјални

Мускат Отонел
Чизкејк

Цената на оваа дегустација: 

Цена на храна по лице  480 ден
Цена за пет шишиња вино  2.100 ден.

На нашето мени постојат уште 11 други мени/дегустации во кои можи да уживате во нашата винарија

Заменете го секојдневието со следниве прошетки:

  • РЕКА ДОШНИЦА – Една од најчистите реки во околината,богата со вкусна пастрмка. Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато
  • ДОЛИНА НА КАКТУСИ – Долините на кактусите се дел од многуте креации на природата која несебично и ги дарила. Иако е добро познато дека кактусот е растение кое расте во пустинските делови на Мексико и САД, во Македонија како необичен природен феномен е пронајден на неколку места. Особено е впечатлива Долината на кактусите која се наоѓа во близина на напуштеното село Клисура, на околу 5 км јужно од градот Демир Капија. На јужната падина на висорамнината Краставец, еден посебен вид на џуџест кактус, кој како форма е многу редок, успеал да се прилагоди на тамошните природни климатски услови и да опстане, благодарејќи на влијанието на медитеранската клима од Егејот.
  • КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ- Демир Капија е едно од најдобрите места во Македонија за качување, планинарење, пешачење, риболов и други активности на отворено. Има 16 сектори за спортско искачување, повеќе од 200 правци имаат различна категорија на потешкотии.Многу карпи се наоѓаат во близина на патиштата и инфраструктурата, што овозможува брз пристап до повеќето од качувачките сектори; повеќето од нив се погодни за почетници и групи со деца. Повеќето од карпите се варовнички, но еден час оддалечени се и песочник и гранитни карпи за искачување, планинарење и касарење.
  • ТВРДИНА ПРОСЕК” – Старата градска населба, што се наоѓала на овие простори, имала посебно значајна стратегиска и воена позиција во минатите епохи. На ова упатува и присуството на цел систем на утврдувања на камените масиви од двете страни на Вардар, меѓу кои најистакнати се Марков Град и Кале-Стрезов Град од левата страна и Рамниште од десната страна на реката. Од сите нив се зачувани остатоци од бедеми. Внатрешната тврдина-акрополот на Марков Град, е изградена од големи квадери од варовник, без малтер. Наодите од керамика од класичното и хеленистичкото време и неколкуте хеленистички монети укажуваат дека таа била користена многу векови пред римската доминација. Освен историја на дофат имате и прекрасна панорама.
  • ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ – Инспирирани од прекрасната живописна природа, маркирани се десет велосипедски патеки во околината на Демир Капија за проширување на велосипедизмот во Македонија. На патот ќе ве пресретнат:водопади, карпи, дива природа, лозја, овоштарници, историски објекти.
  • ТОПЛИ ВИРОВИ НА РЕКАТА ДОШНИЦА” – Вистинско скриено богатство за посетителите – освежете се и сплотете се со природата. Пред самиот влез на р. Дошница во демиркаписката долина, реката има формирано природни вирови погодни за освежување. Водата во вировите  летно време е затоплена од сонцето, но и од акумулираната топлина од карпите коишто ги опкружуваат.  Цена за водичот за група до 5 лица е 10 евра од час.
  • ЈАВАЊЕ НА КОЊИ – Возбудлива авантура и искуство за памтење во Коњачки клуб “Adventure”. Јавањето е со инструктор и минути во кругот на прекрасниот трае 45 ранч. Цена по лице 400мкд.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

адреса
County: Демир Капија
State: Македонија
Country: Македонија, Поранешна Југословенска Република
детали
Property ID: 42830
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
бар / ресторан
вклучен појадок
погоден за настани
слободен паркинг
удобности
Wi-Fi интернет
интернет пристап
климатизер
Other Features
TV - телевизија / телевизор
градина или уреден двор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
По лице Од 40 евра
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner
x
По лице Од 40 евра