Ресетирање На Лозинка

Брод
Резултатите од пребарувањето

Крстарење 2024 ОСТРОВИ ГРЦИЈА – Крит,Санторини,Миконос,Милос,Атина,Кушадаси,Грција

Крстарење
Крстарење
|0 Спални соби|

опис

КРСТАРЕЊЕ –  Idyllic Aegean од Солун

8 дена – 7 ноќи
Термини: 07.04.24, 14.04.24, 21.04.24
СОЛУН-КУШАДАСИ-КРИТ-САНТОРИНИ-МИКОНОС-МИЛОС-АТИНА-СОЛУН

Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето осумдневно крстарење. Посетете ја Миноската палата во Кносос и интригантниот град Ефес, еден од најдобро зачуваните археолошки пронаоѓалишта на источниот Медитеран. Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места. Ќе имате можност да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.

1 ДЕН – Солун  Испловување во 19:00 часот Од 13 до 17:00 часот чекирање – Бродот испловува во 19:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината – Солун. Вечера на брод, Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси. 2 ДЕН – Кушадаси Испловување во 19:00 часот Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 13:00. Ручек. Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси. Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија посета на Ефес или некои други. Враќање на бродот во 18:00 часот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит. 3 ДЕН – Крит Испловување во 19:00 часот Пристигнување во Крит – Ираклион во 08:00. Појадок. Во Ираклион ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос. Можност за резервација на некои факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање од Крит во 19:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини. 4 ДЕН – Санторини Испловување во 00:30 часот Пристигнување во Санторини во 07:00 часот. Појадок. Можете да се пријавите за неколку различни факултативни екскурзии на овој прекрасен вулкански остров , место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи. Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера на брод. Бродот испловува во 00:30 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос. 5 ДЕН – Миконос Испловување во 02:00 часот Пристигнување во Миконос во 08:00 часот. Појадок. Организиран превоз до градот. Градот Миконос или Хора мами со својата убавина, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Oстров на ветровите”, препознатлив по своите бројни ветерници од 16ти век. Живописниот остров Миконос е примамлив со своите песочни плажи, кристално чистата вода, културни историски споменици кои можеме да ги видиме и доживееме ако одбереме некоја од факултативните екскурзии. Може да уживате во бројните музеи, кафулиња, барови или во клубовите со целодневни забави. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 02:00 часот по полноќ. Ноќевање и крстарење до Милос. 6 ДЕН – Милос Испловување во 19:00 часот Пристигнување во Милос во 09:00 часот. Појадок. Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското море со извонредни бои и мистика. Овде ќе уживате во најубавите плажи, кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја. Можност да дознаете многу повеќе ако искористите некоја од понудени екскурзии. Ручек и вечера на брод. Ноќевање и крстарење до Атина. 7 ДЕН – Атина Испловување во 17:00 часот Пристигнување во Атина во 07:00 часот. Појадок. Ова е претпоследна станица од нашата поморска авантура. Најфасцинантен град во светот, град на историјата, испреплетен и создаден од митови и легенди во срцето на античка Грција. Синоними на градот се Акрополис и Партенон. Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа. Ручек и вечера на брод. Багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж неопходен за наредниот ден. Ноќевање и крстарење до Солун. 8 ДЕН – Солун Пристигнување во 11: 00 часот во Солун каде завршува ова преубаво крстарење.

Цена:

Почетна цена за 07.04  од 439 еур.    За 14.04 и 21.04  цена од 469 еур.
IA cabin од 439 еур.
XA cabin од 569 еур.
XB cabin од 599 еур.

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey

  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 еур

  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации

  • Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците

  • Бонус 75 € по човек за користење екскурзии

  • Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот

Во цената не е вклучено:

  • Автобуски организиран превоз Скопје – Солун – Скопје ( доколку се оформи група над 30 патници – 60 еур.)

  • Претставник од агенцијата на целото патување ( доколку се оформи група над 30 патници)

  • Медицински услуги

  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.

  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина

  • Патничко осигурување

  • Факултативни излети

  • Паркинг доколку користите сопствен превоз

  • Интернет е со доплата ( 1h-7евра, 3h-16евра, 6h–25евра )

Важна напомена:

  • Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00 по локално време

  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци

  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место

  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето

  • За резервација задолжителна е уплата од 250 еур. депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето

  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Целестијал

  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.

Услови за агентот и гостинот:

  • За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.

  • Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.

  • Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ  од резервацијата.

  • Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.

  • Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.

  • Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.

  • Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.

  • Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

адреса
Област:
Округот: Санторини
Државната: Грција
Земја: Грција
детали
Имотната Состојба: Брод
Имот ID: 42363
препорачано
Други Карактеристики
FB - полн пансион
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

септември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
октомври 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице од 439 евра
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице од 439 евра