Лето 2025 Грција КРФ – Вила“Савас“,Крф,острови,Грција
опис
За резервација е доволно уплата од 50%, остатокот на 7 дена пред поаѓање
Термин |
1/2 |
1/3 |
1/4 |
23.05-30.05.2025 |
99€ |
94€ |
85€ |
30.05-06.06.2025 |
109€ |
104€ |
95€ |
06.06-13.06.2025 |
129€ |
124€ |
115€ |
13.06-20.06.2025 |
169€ |
155€ |
139€ |
20.06-27.06.2025 |
189€ |
169€ |
159€ |
Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2025-та е годината во која сме 11 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. Нашата авантура продолжува. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг.
Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасиа е едно од нај идеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружена е со продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а во непосредна близина е еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки, Malibu Beach.
Вила Савас се наоѓа во Дасиа,на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и добро познатиот Summer Beach Malibu.
Соба бр.9– Собата се наоѓа на приземје и има поглед на базен. Двокреветна соба (студио) со брачен кревет, мини кујна, посебен тоалет и кујнски прибор со тераса.
Соба бр. 11 – Собата се наоѓа на приземје. Трокреветна соба со една посебна соба каде што се наоѓаат 2 поединечни кревети во една соба и еден кревет кој што се наоѓа во кујната. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на градина) веднаш до соба бр.10.
Аппбр. 12 – Апартманот се наоѓа на 1 спрат. Четворокреветен апартман (дуплекс), со еден брачен кревет кој што се наоѓа во едната соба и 2 поединечни кревети кој што се наоѓаат во другата соба. Има 2 тераси од двете соби. Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и посебен тоалет. Има поглед на базен.
Собабр.13– Собата има 2 поединечни кревети и се наоѓа на прв спрат. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на зеленило). Посебен тоалет, мини кујна во ходникот со кујнски предмети. (Во тоалетот нема прозор).
Соба бр. 14 – Се наоѓа на прв кат, на задната страна на вилата со посебен влез (скали). Двокреветна соба со 2 поединечни кревети со тераса која што излегува од собата и има поглед на зеленило, дрвја… Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и веднаш до неа е тоалетот.
Апп бр. 15 – Апартманот се наоѓа на втор спрат. Апартманот има 2 тераси кои што излегуваат од двете соби во апартманот со поглед на базен. Во едната соба се наоѓа кујната и 2 посебни кревети. Во другата соба се наоѓа брачниот кревет и еден дополнителен кревет кој што може да се користи за дете до 12 год. Апартманот е опремен со кујнски предмети и посебен тоалет. Во апартманот може да престојуваат 4 или 5 лица.
Соба бр.16 – Собата се наоѓа на втор спрат со еден брачен кревет и тераса со поглед на пат. Во ходникот се наоѓа мини кујната и веднаш до неа тоалетот.
Соба бр. 17 – Собата е студио, се наоѓа на 2 спрат со 2 поединечни кревети и тераса со поглед на пат. Мини кујната е во самата соба веднаш до тоалетот.
Мала куќичка веднаш до основната зграда, каде што има скара, детски играчки и мало заедничко дворче за два апартмани.
Стдуио бр. 1- Располага со еден брачен и еден единечен кревет, за 3 лица со опремена кујна со прибор и тоалет.
Бр 2. МАЗОНЕТ– Мазонетот-галерија. Располага со мини кујна, тоалет и еден брачен кревет, а со внатрешни скали се искачува на дел каде што има два единечни кревети. Во мазонетот може да престојуваат 4 лица. За на катот се препорачува да бидат деца, тинејџери, бидејќи тој дел е понизок.
Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз
Во цената е вклучено:
Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
7 ноќевања / 8 дена
Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот
Во цената не е вклучено:
Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
Туристичка такса 2 евра на ден- која се плаќа задолжително во агенција
Факултативни излети
Патничко осигурување
Клима уред
Факултативни излети:
Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата
Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно
време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од
овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува
за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Термин 1/2 1/3 1/4
23.05-30.05.2025 99€ 94€ 85€
30.05-06.06.2025 109€ 104€ 95€
06.06-13.06.2025 129€ 124€ 115€
13.06-20.06.2025 169€ 155€ 139€
20.06-27.06.2025 189€ 169€ 159€
27.06-04.07.2025 199€ 179€ 169€
04.07-11.07.2025 259€ 244€ 229€
11.07-18.07.2025 259€ 244€ 229€
18.07-25.07.2025 259€ 244€ 229€
25.07-01.08.2025 279€ 265€ 249€
01.08-08.08.2025 279€ 265€ 249€
08.08-15.08.2025 279€ 265€ 249€
15.08-22.08.2025 259€ 244€ 229€
22.08-29.08.2025 259€ 244€ 229€
29.08-05.09.2025 219€ 205€ 189€
05.09-12.09.2025 209€ 195€ 179€
12.09-19.09.2025 189€ 174€ 159€
19.09-26.09.2025 159€ 145€ 129€
26.09-03.10.2025 129€ 115€ 99€
– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања 8 дена сместување
– Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на целиот престој
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба.
Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
За сингл соба се доплаќа 50% од редовната цена за вториот кревет
Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините во табелата
НАПОМЕНИ:
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест.
Availability
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
M | T | W | T | F | S | S |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |