Reset Password

попуст за рана резервација
Your search results

Лето 2025 Грција НЕА ПОТИДЕА – Вила“Блу Сафир“,Неа Потидеа,Халкидики,Грција

Лето 2025 Грција, халкидики
|0 Bedrooms|

опис

 

НЕА ПОТИДЕА –  БЛУ САФИР

ОПИС:

Вилата се наоѓа на неколку чекори од плажа, веднаш до хотелот Елпиники на јужниот дел на Неа Потидеа, лоциран на крајниот дел на местото, свртена према запад, идеална за оние кој љубат долг престој на плажа до доцна во денот. Оваа вила е нова градба и располага со 8 студиа на приземје или спрат. Вилата има паркинг, и интернет. Гостите од вилата имаат 2 бесплатни лежалки, исто имаат и можност да изнајмат велосипед. Сите студиа се опремени со тв, клима (вклучена во цената), мини кујна, сопствен тоалет со туш, тераса со мебел за седење.

  • Студио бр.1 – 1/4 студио за 4 лица со спален кревет и креветчиња на спрат – сут. приземје
  • Студио бр.9 – 1/2+1+1 студио за 2 возрасни + 2 деца на втори спрат
  • Студио бр.3 – 1/4 студио за 4 лица со спален кревет и креветчиња на спрат – сут. приземје
  • Студио бр.4 – 1/3+1 студио за 3 возрасни + 1 дете со спален кревет и софа на пуштање
  • Студио бр.6- 1/4 студио за 4 лица со спален кревет и креветчиња на спрат – на прв спрат и поглед море
  • Студио бр.7 – 1/2+1 студио за 3 лица со спален кревет и дополнително легло на расклопување со поглед на море- на втор спрат
  • Студио бр.8 – 1/4 студио за 4 лица со спален кревет и креветчиња на спрат со поглед на море – на втор спрат
  • –Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • -За брзината, јачината на интернетот ние како агенција не гарантираме.
  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
  • -Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

ЦЕНОВНИК:

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.12.2024, И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 10.01.2025
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2025, И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 10.04.2025
-5%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 10.05.2025

Првите два термина и последните два термини се промо цени, и истите не подложат на попуст. 

НЕА ПОТИДЕА – ЈК БЛУ САФИР
ЦЕНИ ИЗРАЗЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА
Период Ноќ. 1/2+1 втор спрат бр.9  1/3 втор спрат бр.7  1/3+1 прв спрат бр.4 1/4 приземје бр.1 и 3 1/4 прв спрат бр.6 1/4 втор спрат SV бр.8
17.05-24.05 7 149 169 179 169 189 199
24.05-31.05 7 179 189 199 189 209 219
31.05-07.06 7 209 219 229 219 239 249
07.06-14.06 7 309 319 329 319 349 369
14.06-21.06 7 419 429 459 429 469 479
21.06-28.06 7 529 539 549 539 559 569
28.06-05.07 7 549 559 569 559 579 589
05.07-12.07 7 599 639 649 639 659 679
12.07-19.07 7 659 679 689 679 699 719
19.07-26.07 7 659 679 689 679 699 719
26.07-02.08 7 749 779 789 779 799 849
02.08-09.08 7 749 779 789 779 799 849
09.08-16.08 7 749 779 789 779 799 849
16.08-23.08 7 749 779 789 779 799 849
23.08-30.08 7 599 639 649 639 659 679
30.08-06.09 7 489 499 509 499 519 539
06.09-13.09 7 389 399 409 399 419 439
13.09-20.09 7 269 279 289 279 309 319
20.09-27.09 7 239 239 249 239 259 269

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

СЛИКИ:

ПРЕВОЗ:

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики -Сабота време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04;00 50 €
Велес – (Кружен Тек на Влезот-Бензиска Макпетрол)  04;30 50 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03;40 65 €
Неготино – бензинска, Неготино 05;00 50 €
Граничен премин – бензинска Шимов 06;00 50 €

 

Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики – Сабота време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04;00 45 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03;15 45€
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола 02;15 55€
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола 02;30 55 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола 03;15 55 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

Останати услови и попусти:  

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервации:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

адреса
County: Неа Потидеа
State: Грција
Country: Грција
детали
Property Status: попуст за рана резервација
Property ID: 44926
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
интернет пристап
климатизер
кујна
Other Features
TV - телевизија / телевизор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
јануари 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
По соба Од 149 евра
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner
x
По соба Од 149 евра