Reset Password

Your search results

Лето 2025 Грција ХАНИОТИ – Вила“Орфеас“,Ханиоти,Халкидики,Грција

Лето 2025 Грција, халкидики
|0 Bedrooms|

опис

Опис на објект

Куќа „Орфеас“ е лоцирана во мирен дел на Ханиоти, оддалечена околу 4-5 минути пешачење до море и близу центарот. Има убаво уреден двор во зеленило и со заеднички простории кои се од корист, посебно на патниците со организиран автобуски превоз, околу неа има слободни места за паркинг. Располагаме со двокреветни и трикреветни студија, сите со комплетно опремена кујна, ТВ, сопствен тоалет, големи широки тераси. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања

Термин Ноќевања Двокреветно студио Трикреветно студио
29.6 – 6.7 7 350 420
6.7 – 13.7 7 385 455
13.7 – 20.7 7 420 490
20.7 – 27.7 7 455 525
27.7 – 3.8 7 455 525
3.8 – 10.8 7 455 525
10.8 – 17.8 7 455 525
17.8 – 24.8 7 455 525
24.8 – 31.8 7 420 490

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 лице
31.8 – 7.9 7 229 55
7.9 – 14.9 7 199 55
14.9 – 11.9 7 159 55

Забелешка: двокреветните студија се со два стандардни кревета и дополнително легло (фотеља) за деца до 5,99 години, трикреветните студија се со два стандардни кревета и дополнително легло за возрасни

  1. Бр. 1, 2, 3 (двокреветни студија) на 1 кат со поглед кон улица. Два единечни кревета споени еден до друг во иста просторија со кујната.
  2. Бр. 4, 5, 6 (двокреветни студија) на високо приземје со поглед кон улица. Два единечни кревета споени еден до друг во иста просторија со кујната.
  3. Бр. 7, 8, 9, 10 (трикреветни студија) на високо приземје со поглед кон улица. Два единечни кревета споени еден и едно дополнително легло до друг во иста просторија со кујната.

Напомени и услови:

  1. Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
  2. Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на апартман за 4 лица, во истиот може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
  3. Цената за автобуски превоз изнесува:
  4. 3.100 денари (50 евра) за возрани
  5. 2.480 денари (40 евра) за деца до 11,99 години
  6. Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
  7. За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот. Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
  8. Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
  9. Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
  10. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
  11. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
  12. Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
  13. За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
  14. Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место
  15. Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
  16. Игуана травел не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  17. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  18. Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС и на самата агенција

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

Тимот на “МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени. Секое добро, драги пријатели!

адреса
County: Ханиоти
State: Грција
Country: Greece
детали
Property ID: 45557
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
интернет пристап
климатизер
кујна
Other Features
TV - телевизија / телевизор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

July 2025
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
August 2025
M T W T F S S
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
past
today
booked
По соба Од 450 евра
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • коментари

    No comments to show.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner

Similar Listings

x
По соба Од 450 евра