Reset Password

попуст за рана резервација
Your search results

Нова година 2025 ИСТАНБУЛ 2 ноќи – Истанбул,Турција

Нова година 2025
|0 Bedrooms|

опис

Нова Година во Истанбул 2 ноќи 2025-та

ПРВ ДЕН 29.12.2024 (недела)

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници од други градови, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.

ВТОР ДЕН 30.12.2024 (понеделник)

Пристигнување на групта во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС  е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час.

Во договорено време се упатуваме на Крстарење.

Крстарење по Босфор
Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.

Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.

Таксим плоштад
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

ТРЕТ ДЕН 31.12.2024 (вторник)

 По појадокот патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи  се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.

Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II.

Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во  оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи.

Слободно време за подготвување за Дочек на Новата Година.

Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод каде што ни претстои 4 часовно крстарење, и да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор.

Во договорено време се чекаме и со оние патници кои ќе одберат забава во хотел со Dj balkan party.

ЧЕТВРТИ ДЕН 01.01.2025 (среда)

По појадокот во хотелот следува одјавување околу 10ч. и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.

Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.

По шопингот, поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Цена на аранжманот:  129 € = 7.998,00 денари Промо цена за уплата до 30.11.2024

Редовна цена: 149 € = 9.238,00 денари

Што е вклучено во цената

-Две ноќевања и појадок во хотел со 3*

-Автобуски превоз

-Туристичка такса

-Лиценциран туристички придружник

-Посета на Капали Чаршија

-Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “

-Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “

Што не е вклучено во цената

-Индивидуални трошоци

-Факултативни излети

-Патничко осигурување

Крстарење по Босфор, Балат и Таксим Плоштад

Цена за пакет: 40€

Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива.

 

Дочен на Нова Година на брод на Босфор

Цена за пакет: 90€

  • Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
  • Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА, 4 часовно крстарење
  • Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
  • Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
  • Организирани и резервирани конопои за секој гостин
  • Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
  • Вклучена храна за време на забавата
  • Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
  • Професионално фотогафирање
    + Можност за купување на пијалоци по најниска цена

 

Дочек на Нова Година на приватна забава во хотел

Цена за пакет: 50€

  • Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година во Хотел вклучува:
  • Влезница за дочекот
  • Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
  • Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад,доколку е потребно
  • Организирани и резервирани конопои за секој гостин
  • Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
  • Вклучена храна за време на забавата
  • Забава со Dj balkan party
  • Професионално фотогафирање
    + Можност за купување на пијалоци по најниска цена

Важно

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ

При самата резервација,задолжително изјаснување на патникот на која забава ќе присуствува

Пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.

 

адреса
County: Истанбул
State: Турција
Country: Турција
детали
Property Status: попуст за рана резервација
Property ID: 43651
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Other Features
TV - телевизија / телевизор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
По лице 129 евра Промо
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner
x
По лице 129 евра Промо