Reset Password

попуст за рана резервација
сигурна реализација
Your search results

Нова година 2025 ПАРИЗ – Париз,Виена,Прага,Минхен,Салзбург,Франција

Нова година 2025
|0 Bedrooms|

опис

Париз 5НП ( Виена – Прага -Минхен – Салзбург) – Нова Година

€379,00

ТЕРМИН  27 Декември

1 ДЕН 27.12.202СКОПЈЕ-ВИЕНА  Состанок на групата во 10.30ч  на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград… . Ноќно возење.

2 ДЕН  28.12.202ВИЕНА-ПРАГАПристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во вечерните  часови. Сместување во хотел.   Ноќевање.

3 ДЕН  29.12.202ПРАГА-ПАРИЗ Појадок. Претпладне, факултативно  панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.Поаѓање  кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

4 ДЕН  30.12.202ПАРИЗ  Во  утринските  часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус : плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне.Ноќевање.

5 ДЕН  31.01.2024 ПАРИЗ(ВЕРСАЈ – ЛУВР)  Појадок.  ПАРИЗ(СРЦЕТО НА ПАРИЗ – АЈФЕЛ- СЕНА)Појадок.Препорачуваме прошетка (со метро) со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа,  Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Можност да се искачите на Ајфелова кула (индивидуални влезници), да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување.. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња.  Враќање во хотел Ноќевање.

6 ДЕН  01.01.2025 ПАРИЗ ( ЛУВР – ВЕРСАЈ) Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот.   Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посета та на Лувр, можност за организирана прошетка низ  најпознатата париска авенија Шанзелизе. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

7 ДЕН 02.01.2025 ПАРИЗ – МИНХЕН  Појадок. Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета наVal d’Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.

8 ДЕН 03.01.2025МИНХЕН  Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици).  Сместување во хотел. Ноќевање.

9 ДЕН  04.01.2025 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ  Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.

Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење преку  Унгарија, Србија…

10 ДЕН  05.01.2025СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТза уплата до 15.11.2024: 37 / 23.500 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 / 28.460 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 1 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Прага(околина)
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 2/3* НП во Париз(околина)
  • 1 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Минхен(околина)
  • Прошетка низ Виена
  • Прошетка низ Минхен
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  500 денари
  • Туристички такси Прага, Париз, Минхен – 25€
  • Разглед на Париз со автобус –  30€
  • Версај(превоз,влезница,лок водич) 50 € (задолжителна резервација при уплата)
  • Лувр(влезница) индивидуален влез +- 30 €
  • Версај + Лувр само превоз – 25€
  • Крстарење по Сена 25€
  • Срцето на Париз 30€
  • Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз, или
  • Marne-la-Vallée , Outlet Shoping Center – 20€ превоз
  • Разглед на Прага со локален водич  20 €
  • Крстарње по Влтава 20€
  • Задолжителна посета на Салзбург 20€
  • Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
  • Доплата за еднокреветна соба 8.200 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус 20€
  • Разглед на Прага со локален водич  20 €
  • Крстарње по Влтава 20€

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетитепо денови и сатници
  • Агенцијата го задржува правото за промена на цените на излетите доколку има промена на цените на влезниците.
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
адреса
County: Париз
State: Франција
Country: Франција
детали
Property Status: попуст за рана резервација,сигурна реализација
Property ID: 44003
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Other Features
TV - телевизија / телевизор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
јануари 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
По лице 379 евра Промо
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner
x
По лице 379 евра Промо