Ресетирање На Лозинка

сигурна реализација
Резултатите од пребарувањето

Нова година 2026 АЗУРЕН БРЕГ 3 ноќи – Ница,Антиб,Кан,Ез,Монако,Монте Карло,Франција

Нова година 2026
|0 Спални соби|

опис

Азурен Брег 3НП (Фрежу-Ница-Антиб-Кан-Ез-Монако-Монако Карло)- Нова Година

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…
Термин: 28 Декември

1 ДЕН 28.12.2025 СКОПЈЕ:

 Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  29.12.2025 АЗУРЕН БРЕГ – ФРЕЖУ

Пристигнување на Азурен брег  во пладневните часови.. . Ве водимне на прошетка низ Фрежу. Фрежусе наоѓа на половина пат помеѓу Кан и Сен Тропе, во срцето на Азурниот Брег.Градот е изграден на песочник од планините Естерел, со поглед на долините Арженс и Рејран.Има изглед на мал провансалски град … Градот се наоѓа на местото на античка поморска база основана од Јулиј Цезар околу 50 година п.н.е. и првично позната како Форум Јулиј.Неговите римски урнатини вклучуваат амфитеатар од крајот на 1 век, аквадукт и антички утврдувања.Катедралата Нотр Дам и Сент Етјен (13 век) има крстилница од 5 век.Фрежу е родно место на римскиот поет Гај Корнелиј Гал, римскиот генерал Гнеј Јулиј Агрикола и францускиот револуционерен државник Емануел-Жозеф Сиејес (1748)година. Првично мало земјоделско село, Фрежу сега е голем туристички центар со плажи, продавници и пристаништа за јахти.Сместување во хотел. Слободно време за  одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

 0ДЕН 30.12.2025  КАН – АНТИБ – НИЦА

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет кон Кан, Антиб и Ница… Започнуваме со  прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината…  потоа посета на монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 10€)…  потоа продолжуваме со посета на Ница… Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

0 ДЕН 31.12.2025 СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО :

Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕН ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien.  Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време за одмор и подготовка за дочек на Новата Година.

Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во хотел во ноќните часови.  Ноќевање.

 05 ДЕН  01.01.2026 ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето…Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој е филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот.( влезница 25€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 06 ДЕН 02.01.2026СКОПЈЕ:  Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во вечерните часови.

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 15 Ноември: 279 € / 17.300 денари

РЕДОВНА  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  309 € / 19.160 денари

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел Kyriad Frejus 3*, во Фрежу, на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Фрежу
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •   Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  •   Новогодишна посета на Монте Карло (50€)
  •   Посета на Ст. Тропе (50€)
  •   Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€) ( се плаќа во агенција)
  •   Посета на Кан,Ница и Антиб(60€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 180€

  •   Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •   Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •   Билети за јавен превоз
  •   Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  •   Доплата за избор на седиште 20€

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
адреса
Град:
Област:
Округот: Ница
Државната: Франција
Земја: Франција
детали
Имотната Состојба: сигурна реализација
Имот ID: 46112
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
бар / ресторан
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

ноември 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
декември 2025
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 309 евра
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 309 евра