ЗЛАТИБОР,Нова година 2026 3 ноќи – Хотел“Вила Борова“,Златибор,Србија
опис
НОВА 2026 ГОДИНА ЗЛАТИБОР – ХОТЕЛ“ВИЛА БОРОВА 4*“
30.12.25 – 02.01.26 ( 3 ВВ / ноќевање со појадок )
30.12.25 ( Вторник ) КАВАДАРЦИ – СКОЈЕ – ЗЛАТИБОР
Состанок на групата на булеварот кај гранична полиција Кавадарци во 00:15 часот. Во Скопје пред Хотел РУСИЈА кај спортската сала “Јане Сандански“ – Аеродром во 01:15 часот. Поаѓање на групата за Златибор. Се патува преку граничниот премин Табановце.Во текот на патувањето се предвидени 2, 3 попатни паузи. Пристигнување во Златибор околу пладневните часови. Сместување во собите после 14:00 часот.Попладне слободно време за релаксција во СПА-центарот во хотелоти индивидуални активности за прошетка и запознавање на Златибор или релаксација во СПА-центарот на хотелот.Ноќевање.
31.12.25 ( Среда ).ЗЛАТИБОР-ДРВЕН ГРАД
Појадок. После појадокот предвидена е посета ( факултативно ) на Дрвен Град на Мокра Гора.Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време за одмор и релаксација во СПА – центарот на хотелот и припрема за дочек на најлудата ноќ во годината.Дочек на Нова 2026 година Свечена вечера со богато мени и жива музика во хотелот или на Кралскиот плоштад во Златибор.Ноќевање.
01.01.26 ( Четврток ). ЗЛАТИБОР
Појадок. После појадокот слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Златибор и Златиборско езеро. Посета на Златиборскиот пазар каде што можете да си купите од најубавиот домашен кајмак,кашкавал,сирење,пршути и други сувомеснати производи,рачно плетени работи од чиста волна.Разни видови на планински чаеви,ракија од сливи,Клековача,Дуњовача,Кајсија и многу други производи.Реприза на Нова година Ноќевање.
02.01.26 ( Петок ). СТОПИНА ПЕШТЕРА – СИРОГОЈНО – КАВАДАРЦИ
Појадок. После појадокот предвидена е (факултативна) посета на Стопина Пештера и Посета на Музеј“Старо село“ – Сирогојно со локален водич. После посетата заминуваме за Македонија. Пристигнување во Македонија во касните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 360 € ( 22.320,00 мкд )
Промо цена 340 € ( 21.080,00 мкд ) За уплата до 25.11.25
Во цената на аранжманот е вклучено.
- Превоз на релација Кавадарци – Златибор – Кавадарци со високо туристички автобуси
- Сместување во Хотел “Вила Борова 4* “ на 600 метри од центарот во Златибор на база 3 ВВ ( ноќевање со појадок ), сместувањето е во 1/2 и 1/3 апартмани,
- Организација и водство на патувањето со лиценциран пратител од нашата агенција
- Во цената е вклучено користење на СПА-центарот во хотелот. Теретана, Базен,Џакузи,Сауна,Парна бања,Тепидариум 2 часа во текот на денот. Масажите се плаќаат
Во цената на аранжманот не е вклучено.
- Посета на Дрвен Град (Мокра Гора) – 20 € по лице со вклучена влезница
- Дочек на Нова 2026 година во ресторанот, богато мени и неограничени пијалоци со жива музика – 110 € по лице
- Реприза на Новогодишната ноќ на 01.01.25 – 80 € по лице
- Посета на Стопина пештера со локален кустос и вклучена влезница. Посета на Музеј “Старо село“ – Сирогојно локален кустос и вклучена влезница – 20 € по лице
- Туристичка такса 140 Српски динари од ден се плаќа на рецепција
Напомена:
- Калкулацијата на цената е правена за минимум 40 особи
- Во Србија може да се патува со Пасош или Лична карта
- За патување со сопствен превоз цената се намалува за 20 € по лице
- За 3 то лице во апартман цената се намалува за 30 €
- Доплата за куќен љубимец 20 € на ден
- Подземен паркинг во хотелот, доплата 10 € од ден
- Доплата за бирање на место во автобус 10 € по лице
- Поради недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот на 7 дена пред поаѓање.Уплатите ќе ви бидат во целост вратени.
- За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ и МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС
ВИ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌНА И УСПЕШНА НОВА 2026 ГОДИНА !
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |




