Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето

Нова година 2026 ФИРЕНЦА – ПАДОВА 2 НОЌИ – Венеција,Падова,Верона,Фиренца,Италија

Нова година 2026
|0 Спални соби|

опис

Нова Година 2026 – Венеција, Падова, Верона, Фиренца…

Започнете ја Новата година со стил и уметност Венеција Верона Падова и Фиренца – четири бисери на Италија во една незаборавна празнична тура Историја светла романтика и вкус на вистинскиот италијански дочек !

Програма на патување:

1.Ден 29.12.2025 (понеделник) СКОПЈЕ – ПАДОВА

Состанок на групата на паркингот кај спорската сала Борис Трајковски (кај перанал ) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно гледа.

2.Ден 30.12.2025 (вторник) ПАДОВА – ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во претпладневните часови во Падова, град кој има одлично сочувано градско јадро со бројни цркви и палати кои денес се под заштита на УНЕСКО. Сликовит град со мрежа на густо поврзани улици со аркади кои се спојуваат со градските плоштади како Prato della Valle Piazza della Erbe Piazza della Frutta … Во слободно време може да ја посетите Базиликата на Св.Антон Падовски во која се сместени неговите мошти. Сместување во хотел (доколку има услови за Early Check In), време за кратко освежување од патувањето и заминување на разглед на градот Венеција. Во договореното време со пратителот се упатуваме кон Венеција. Пристигнување на портот на Венеција и заминување на пешачки разглед со локален водич кој трае еден час до час и половина. Имате можност одблизу да видите:

– Мостот на Воздишките

– Дуждевата Палата (Влез со доплата)

– Црквата Св. Марко (Влез со доплата)

– Плоштадот

– Мостот Риалто

– Гранде канал

Кога ќе пристигнеме до каналот Гранде кај мостот Риалто, разгледот завршува. По разгледот останува слободно време од 4 до 5 часа за индивидуални прошетки и разгледи, ручек, релаксација и уживање во прекрасната Венеција во новогодишна атмосфера. Препорачуваме топла облека, се јавува во зимски период и времето на пат е вечерно. Во точно прецизирано време и место се сретнува со пратеникот и повторно со брод се упатува кон Падова. Враќање во Падова и сместување во хотел. Ноќевање.

3.Ден 31.12.2025 (среда) ПАДОВА – ФИРЕНЦА – НОВА ГОДИНА 2026 г.

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано поаѓаме кон Фирен, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца:

– Црквата Санта Кроче,

– Плоштадот Сињори,

– Палацо и Понте Векио,

– Дуомото Санта Марија дел Фјоре

– Крстилницата Сан Џовани…

Во еден од најубавите ренесансни градови во Италија. Во попладневните часови во Падова.

Слободно време за да припремаме за дочек на Нова Година и со топла облека одиме на прослава на отворено на плоштадот Прато дела Вале (Prato della Valle на англиски, Pr à dela Vale на дијалектот на Венето) е еден од најдобрите, но и најнеобични плоштади во светот. Во самиот центар на плоштадот се наоѓа мал зелен остров. Отровот Мемија (l’isola Memmia) е опкружен со канал, пак кој е опкружен со два реда на статуи. Самиот остров е поврзан со четри мостови, а во самото срце е поставена фонтана, типично обележје на италијанските плоштади… СРЕЌНА НОВА 2026!!! Во договорено време собирање на групата и во хотел. Ноќевање.

4. Ден 01.01.2026 (четврток) ПАДОВА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Верона. Пристигнување во Верона и прошетка во градот на Ромео и Јулија, ја правиме релаксирано со придужникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, се доделени на личности на Јулија… Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Дневно и ноќно преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

5.Ден 02.01.2026 (петок) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањето на границата.

 

ПРОМО BLACK FRIDAY ДО 28.11.2025 – 169/10.478 ден.

ПРОМО ДО 10.12.2025 – 179 €/11.098 ден

РЕДОВНА ЦЕНА – 199 €/12.338 ден

 

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 €/62 мкд

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација;

– Сместување во хотел 3* во Падова (или околина Венето ) на база 2 ноќевања со појадок;

– Организирана посета на Верона, прошетка до Арената, Виа Мацини, плоштадот Ербе до куќата Јулија;

– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучена:

– Патничко и здравствено осигурување

-Задолжителна посета и разглед на Венеција – 30 € ( доплата на лице место)

– Задолжителна посета и разгледување на Верона – 20 € ( доплата на лице место)

– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 55 € ( доплата на лице место)

– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (5 € по лиценца за престој доплата на лице место)

– Индивидуални трошоци (влезници за музеи..)

Промо пакет екскурзии: 95 € наместо 105 €!

Попусти и општо доплати:

– Доплата за еднокреветна соба 40 €/2.480 ден,

Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 10 €/620 мкд (мин. 2 седишта),

– Доплата за седиште во автобус 80 €/4.960 ден.

Важни споменувања:

– За реализација на аранжманот се наоѓа минимум од 40-тина патници, а организаторот го задржува правото во случај на незадоволителен број на органи да го прекине патувањето најмногу до 7 дена пред поаѓање.

– За ова патување потребно е да се поседува валиден биометриски пасош, над 6 месеци пред истиот ден на телото, организаторите не сноси одговорност во случај на невалидна патна исправа.

– За реализација на факултативните излети е минимално од 30 патници, во случај на незадоволителен број на пријавениот што го задржува правото да ја ограничи цената на факултативната вредност или да ја намали цената.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.

– За овој аранжман важат Општи Услови на патување на МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.

адреса
Област:
Округот: Падова
Државната: Италија
Земја: Италија
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 46150
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

ноември 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
декември 2025
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 169 евра Промо цена
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата

Слични Огласи

Нова година 2026 ЕДИПСОС-ЕВИА 3 ноќи – Едипсос,Евиа,Грција
По лице 179 евра Промо цена
попуст за рана резервација
x
По лице 169 евра Промо цена