Ресетирање На Лозинка

сопствен аранжман
Резултатите од пребарувањето

8-ми Март ЛУКОВСКА БАЊА 2 ноќи- Хотел “Јелак“, Луковска бања,Копаоник,Бела Јела,Србија 

Спа Центри
8-ми МАРТ
|0 Спални соби|

опис

You are currently viewing Луковска Бања – Хотел Јелак, Копаоник и Бела Јела– Србија 2023

Зелена ризница со лековити извори, така би ја опишале највисоката бања во Србија – Луковска Бања, се наоѓа на 681 m надморска височина, во пошумен слив на источните падини на Копаоник. Она што го прави посебен е изобилството на термални минерални извори и ефектот на сите 4 природни фактори: вода, клима, кал и гас. Го искористивме најдоброто од природата и го обединивме во понудата на три хотели: Бела Јела, Јелак и Копаоник, преку современи медицински и велнес капацитети. Подеднакво богат по природен и културно-историски потенцијал, гордо го носи епитетот на кралска бања. Можете да го најдете вашето место под сонцето во вкусните специјалитети под чадорот или вашиот омилен поглед од палубата за набљудување, базените или долгите прошетки. Вашиот мир ве чека.

ЛУКОВСКА БАЊА

термин:06.03.-08.03.2026

Луковска Бања е млада бањска населба, здравствено одморалиште  и туристички центар во југоисточниот дел на Копаоник, северозападно од општина Куршумлија. Позната е по најголемиот број извори (37) и огромно количество од над 100 l/s топла (до 65°C) минерална вода. Таа е највисоката бања во Србија, чиј центар е 681 метар надморска височина, што ја прави во исто време и воздушна бања. Луковска Бања е на 36 километри од Куршумлија. 

Хотел „Бела Јела“ 4* е отворен за првите гости во октомври 2021-ва година. Сите соби се модерно опремени во согласност со најновите стандарди. Оброците се служат по принцип на шведска маса – појадок и вечера, и “a la carte” ресторан за ручек.
Велнес центарот на хотелот располага со отворен и затворен базен со температура од 33 до 35 степени, финска сауна, инфра црвена сауна, парна бања, солена соба и топли клупи.
Гостите можат да го користат лоби барот на рецепцијата и велнес барот во велнес центарот за релаксација и уживање.
Исто така имаат можност да ги користат теретаната и салата за забава и рекреација. За најмладите гости е достапна модерна игротека.
Медицинскиот блок е модерно опремен и може да се користи електро терапија, хидро терапија, терапија со кал и рачни масажи. Терапиите се одвиваат секојдневно, за време на викендите и празниците, а лекарите се достапни 24 часа за прегледи и консултации. Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство. За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 😊 Во продолжение програмата…
 
Токму денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите оние кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12😊
Во продолжение програмата…

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209   / 12.960 мкд

ПРОМО ЦЕНА: 189 € / 11.720 мкд

ПРВ ДЕН – 06.03.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 3*. Слободно попладне за одмор и релаксирање во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН – 07.03.2026 (САБОТА) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на  хотелот или пешачка тура до црквата Св.Мина со локален водич (турата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови). Вечера.Потоа следува забавна музичка програма. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 08.03.2026 (НЕДЕЛАЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.30часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ  ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Бела Јела 3* во стандардни двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса https://lukovskabanja.com/hotel-bela-jela/
– Забавна музичка програма за 8ми Март
– Користење на отворено – затворен базен со термана вода со температура од 33-35C
– Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот : сауна, парна бања, тепидариум, солена соба
– Користење на фитнес сала, детска игротека и сала за забава
– Туристичка такса

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително патничко осигурување.
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

– Деца до 4.99год- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170 ден
– Дете од 5-9.99год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло – 50% попуст
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 30евра/1.860мкд за двете ноќи
– (Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 9.99г. или 2   возрасни+1 дете до 9.99 +1дете до 3.99г.).
– Доплата за апартман 30е/ 1.860мкд по лице за 2ноќи
– Намалување за сопствен превоз -10€/620 мкд од патник

 

НАПОМЕНА:

-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
-Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
-Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
-Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите  следува рефундација.

Важат Општите услови на  Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

 

адреса
Област:
Округот: Луковска бања
Државната: Србија
Земја: Србија
детали
Имотната Состојба: сопствен аранжман
Имот ID: 38449
препорачано
кревет и купатило
основни
фен за коса
шампон
објекти
базен
бар / ресторан
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
климатизер
фен
џакузи (топла бања)
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

февруари 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
 
март 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 189 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 189 евра Промо