СП РАКОМЕТ 2025 ВАРАЖДИН – Вараждин,Хрватска
опис
Светско Првенство Ракомет 2025
Вараждин (Хрватска) – 15.01-19.01.2025 г.
Програма:
14.01.2025 (Вторник) Битола-Прилеп-Кавадарци-Велес-Скопје- Куманово-Србија-Загреб -Вараждин
Поаѓање во 19:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Вараждин, Хрватска. Патот води преку Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија. Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Вараждин.
15.01.2025 (Среда) Вараждин – Загреб – ден за навивање
Пристигнување во Вараждин предпладне. Слободно време. Превземање на собите околу 14:00 часот (се однесува на патниците сместени во Вараждин, патниците сместени во Загреб ќе се сместат по завршување на натпреварите)Време за одмор и слободни активности.
Пред натпреварот можност за организиран престој во фан зоната. Заминување за следење на ракометните натпревари во Спортската сала во Вараждин (Arena Varazhdin).
18:00ч – Холандија – Гвинеја
20:30ч – Македонија –Унгарија
По натпреварите поаѓање кон Загреб и сместување. Ноќевање.
16.01.2025 (Четврток) Разглед на Загреб – Посета на Љубљана и шопинг
Слободно време за индивидуални прошетки или факултативен разглед на Загреб со професионален туристички водич (9:30 почеток на турата). Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотршчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала (100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути). Околу 11:30 завршуваме со разгледот на Загреб, слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Љубљана и разглед на центарот. Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време. Во договорено време поаѓање кон трговскиот центар (BTC City Ljubljana), слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање кон Загреб/Вараждин. Ноќевање.
17.01.2025 (Петок) Загреб-Вараждин – ден за навивање
Во договорено време организрано поаѓање кон Вараждин и упатување кон фан зоната.
Слободно време за индивидуални активности и следење на натпреварите
18:00ч – Холандија – Македонија
20:30ч – Гвинеја – Унгарија
По завршувањето на натпреварите поаѓање кон Загреб со организиран превоз. Ноќевање.
18.01.2025 (Сабота) Загреб/Вараждин – Крапинске Топлице/Плитивчки Езера/Грац (Австрија)
Ден за излети или индивидуално слободни активности. Целодневен престој на Крапинске Топлице (СПА, Аква парк, топли базени, сауни). Ноќевање.
19.01.2025 (Недела) Загреб-Вараждин – Македонија
Одјавување од сместувачките капацитети. Во договорено време поаѓање со организиран превоз кон Вараждин, се упатуваме кон фан-зоната. Време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон (Varazhdin Arena) и следење на натпреварите:
18:00ч – Македонија – Гвинеја
20:30ч – Унгарија – Холандија
По завршување на натпреварите поаѓање кон Македонија. Ноќно и дневно возење, преку Р.Србија со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Македонија.
20.01.2025 (Понеделник) Македонија
Планирано пристигнување во утринските часови. Крај на програмата.
Опции за сместување
1.Град Вараждин
Хотел Varazhdin 3* – hotelvarazdin.com
соба за 1 лице (single) со појадок – 559 евра
соба за 2 лица со појадок – 489 евра
соба за 3 лица со појадок – 489 евра ( 2 лица плаќаат по 489 евра, 3-то лице 469 евра)
(цената е по лице за сместување во двокреветна / трокреветна соба)
2. Град Загреб
1. Хостел Chill Out и TimeOut Heritage (се наоѓаат во иста зграда во центарот на Загреб)
– chillout hostel zagreb , timeout heritage hotel zagreb.
Соба за 2 лица без појадок – 459 евра
Соба за 3 лица без појадок – 429 евра
Соба за 4 лица без појадок – 399 евра
(цената е по лице за сместување во двокреветна / трокреветна соба/ четворокреветна соба)
Напомена : Сите соби имаат приватен тоалет.
Можност за доплата за доручек 8 евра по лице на ден.
Град Загреб
2. Hostel 63 (во центарот на Загреб)
Соба за 2 лица без појадок – 459 евра
Соба за 4 лица без појадок – 399 евра
Соба за 4 (comfort) без појадок – 409 евра
(цената е по лице за сместување во двокреветна/четворокреветна соба)
Напомена : Сите соби имаат приватен тоалет.
Можност за доплата за доручек 8 евра по лице на ден.
Град Загреб
3. Хостел Moving – (2 км од центарот на Загреб)
линк од сместувањето : sites.google.com/view/hostel-moving-zagreb
Соба за 2 лица со појадок – 429 евра
Соба за 4 лица со појадок – 399 евра
(цената е по лице за сместување во двокреветна/четворокреветна соба)
Напомена : Сите соби имаат приватен тоалет.
За дете до 12 години попуст од 20 € од цената за возрасен.
- Превоз со високо–туристички автобус
- Поаѓања од:
Битола 19:00ч (Автобуска Транскоп)
Прилеп 19:40ч (бензиска пумпа Лукоил);
Велес 21:00ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
Скопје 22:00ч (бензиска пумпа Лукоил, KFC до хотел Континентал);
Куманово 23:15ч (бензинска пумпа Макпетрол) - Сместување во Загреб или Вараждин во избраниот тип на сместување.
- Превоз од Загреб до Вараждин на денот на натпреварите кога игра Македонија.
- Блок билети за сите 3 натпревари од група каде што игра Македонија.
Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe.
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
- Факултативните излети и посети (се реализираат со минимум 25 платежни патници)
- Разглед (запознавање) на Загреб со локален водич 10€ по лице (16.01.2025 во 9:30 часот)
- Факултативна посета на Љубљана ( 16.01.2025 во 12:00 часот)
- Факултатвна посета Крапинске Топлице (18.01.2025)
- Патничкото осигурување
- Личен трошок на патникот
Опис на локации:
Загреб е главен град на Република Хрватска, најголем град во Хрватска по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида, Градец и Каптол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град. Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. И по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период.
Љубљана e главен град на Словенија, сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жители). Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.
Вараждин — град во cеверниот дел на Хрватска , близу границата со Словенија . Претставува административно седиште на Вараждинската жупанија на 81 километар северно од Загреб . Вкупното население на градот е 46.946 жители. Стариот град е еден од најголемите туристички атракции. „Мала Виена“ со богато природно наследство проткаено во паркови, дестинација која мора да се види, сместена на северот на Хрватска на јужниот брег на реката Драва.
Напомена:
- За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето или да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
- Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно означено.
- Сместување по 14:00ч (локално време)
- Напуштање до 11:00ч (локално време).
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
- Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
- При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот – аванс.
- Остатокот од аранжманот се доплќа 10 дена пред поаѓање.
- Со оваа програма важат Општите услови за патување на Т.A. МС-ТРАВЕЛ и СКТМ.
Availability
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |