Ресетирање На Лозинка

сопствен аранжман
Резултатите од пребарувањето

Фестивал на Мимози ХЕРЦЕГ НОВИ 2 ноќи – Херцег Нови,Игало,Баошиќ,Тиват,Црна Гора

Фестивал на Мимози
|0 Спални соби|

опис

ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ -ХЕРЦЕГ НОВИ

12.02 – 15.02.2026

Доколку вашиот омилен цвет е мимоза, местото каде што дефинитивно треба да бидете овој февруари

е Херцег Нови,градот чиј заштитен знак е токму овој егзотичен цвет. Во февруари сè е во знакот на мимозите.

Фестивалот на мимозите кој се организира е од забавен карактер и исполнет е со многу културни и спортски настани.

Мимозата е симбол на Херцег Нови, негов препознатлив стил и начин на живот…

 

Прв ден: 12.02.2026 ( четврток)

Состанок на групата во 21:00 часот на булеварот кај Гранична полиција.Поаѓање во 21:15 часот. Во 23:00 часот од Скопје на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски.Ноќно возење.Се патува преку Косово и Албанија.

Втор ден: 13.02.2026 ( петок )

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрамисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив…сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Освен за време на летната туристичка сезона, Херцег Нови е особено атрактивен во февруари, кога цветаат мимозите во чија чест се организира најзначајната фестивалска манифестација зачинета со вкусна храна и  забава. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира Херцегновската ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и  Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која  го враќа балансот на  природните минерали и соли во телото.  Во вечерните часови присуствуваме на свеченото отварање на 57-от фестивал на жолтото цвеќе-мимозите со бесплатен концерт на отворено на Нина Бадриќ и Горан Каран. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трет ден: 14.02.2026 ( сабота )

 Појадок. Ден за учество во традиционалната улична забава посветена на мимозите. Во претпладневните часови организирано заминување кон Баошиќи, местото каде се одржува централната манифестација по повод отварањето на Фестивалот на мимозите. Долж целата херцегновска ривиера од Кумбор преку Џеновиќи до Баошиќи организаторите на оваа манифестација на сите гости бесплатно им делат пржена риба и вино, а низ улиците дефилираат мажоретки во придружба на Градскиот оркестар кои ги даруваат гостите со цвеќето кое цвета токму во февруари и и` пркоси на зимата. Шарената и весела поворка  совршено се совпаѓа во жолтиот декор на градот кој мириса на опојните мимози-дури 35.000 стебла мимози се посадени на оваа ривиера. Мотото на годинашиот фестивал е „Додека сите спијат, мимозата се буди“, а забавата на отворено започнува од 12.00 часот со настапот на Данијел Алибабич и продолжува низ целото шеталиште и на плажа, покрај морскиот брег. Во 13.00 часот на платото во Џеновиќи свој концерт ќе има естрадната уметничка Калиопи. Во попладневните часови враќање во хотелот. Слободно време за користење на базенот и спа центарот, како и за индивидуални прошетки низ Игало и Херцег Нови. Во вечерните часови ќе присуствуваме на големиот рок спектакл- не` очекува врвна забава и одлична атмосфера со една од најпопуларните рок групи во регионот – Рибља чорба. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Пети ден: 15.02.2026 ( недела )

 Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во пладневните часови напуштање на хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………189 евра (11.720 денари)

(плаќање во денарска противвредност) 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 – Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“ 4+ ****  во Игало (сместување во стандардни соби со поглед во двор)

– Користење на базенот и спа центарот во хотелот

– Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич

– Организирано заминување кон Баошиќи и следење на манифестацијата Фестивал на мимозите

– Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

– Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер

– Патничко осигурување

 

Напомена: Празникот на мимозите е во организација на Туристичката организација на градот Херцег Нови. Туристичката агенција не може да има одговорност доколку организаторот направи промена во програмата или во имињата на изведувачите на најавените музички програми.

 

адреса
Област:
Округот: Херцег Нови
Државната: Црна Гора
Земја: Црна гора
детали
Имотната Состојба: сопствен аранжман
Имот ID: 46364
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
климатизер
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

декември 2025
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
јануари 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 189 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 189 евра Промо