Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето

11-ти Октомври,Есенски патувања – Болоња,Фиренца,Чинкве Тере,Италија

11-ти Октомври, Есенски патувања
|0 Спални соби|

опис

Болоња -Фиренца – Чинкве Тере 3НП

€199,00
Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана… славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина… Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре… Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии… Магијата на Чинкветере е неповторлива…

Термин 10 Oктомври

1 ден   10.10.2024 Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден   11.10.2024 Болоња – Монтекатини – Пиза – Монтекатини

Во раните утрински часови ( во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.Патувањето продолжува накај Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на ПизаПиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиеранекогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден  12.10.2024  Монтекатини- Cinque Terre– Монтекатини

Појадок.После појадкот заминување  на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Speziaод каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, ManarolaиRiomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia.Поаѓање за Монтекатини.Ноќевање.

4ден  13.10.2024  Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини

Појадок.После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини.Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

5 ден  14.10.2024 Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  Палатата Пити…Во вечерните  часoви  поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6ден   15.10.2024 Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните  часови .

ЦЕНАНААРАНЖМАНОТ за резервации до 31.08. 2024: 199€12.340ден.

РЕДОВНА ЦЕНАНААРАНЖМАНОТ : 22914.200 ден.

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  •  Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  •  Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
  •  Вечерна посета на Пиза
  •  Попатна посета на Болоња
  •  Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  •  Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) – 50€
  •  Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер,  водич) – 50€
  •  Задолжителна посета на Фиренца – 30€
  •  Туристичка такса во хотел во Монтекатини ( 3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  •  Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  •  Патничко здравствено осигурување(без франшиза)- 300 ден
  •  Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  •  Доплата за дополнително седиште 150
  •  Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МС – ТРАВЕЛ СЕРВИС
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.
адреса
Град:
Област:
Округот: Болоња
Државната: Италија
Земја: Италија
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 43156
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
удобности
Wi-Fi интернет
интернет пристап
климатизер
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

октомври 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минато
денес
резервирано
По лице 199 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 199 евра Промо