Ресетирање На Лозинка

сигурна реализација
Резултатите од пребарувањето

11-ти Октомври, Есенски патувања АЗУРЕН БРЕГ – Ница,Кан,Ст.Тропе,Монако,Монте Карло,Франција

11-ти Октомври, есенски аранжмани
|0 Спални соби|

опис

Азурен Брег( Ница-Кан-Антиб -Ст. Тропе- Монако-Монте Карло) 3НП

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

Термин 23 Октомври

1 ДЕН 22.10.2024 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.

 2 ДЕН  23.10.2024 КАН

Oчекувано пристигнување во  Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината..Сместување во хотел.  Слободно време за индивидуални прошетки,  кафе во кафуле со автентичен француски амбиент  или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање.

 03 ДЕН 24.10.2024  КАН – СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО

По појадокот препорачуваме Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан,  Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња – Човекот со железна маска… тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардјеа потоа препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата…    Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло… слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 04 ДЕН 25.10.2024  АНТИБ –НИЦА :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и потоа посета на кралицата на Азурниот брег – Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани… несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)…   продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата… Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан.  Ноќевање.

05 ДЕН 26.10.2024 КАН – ЕЗ – МОНАКО  – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек.  Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур).  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

06 ДЕН 27.10.2024 СКОПЈЕ:  Очекувано Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  30.09.2024 : 259€ / 16.060 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  289 € / 17.920 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,

Сместување во Кан/ Ница, во Хотел 2*/3*, на база 3 ноќевања со појадок,

  • Разглед на Кан /Ница
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
  •  Посeта на Ст. Тропе (50€)
  •  Посета на Ница/Кан и Антиб(50€)
  •  Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (30€)
  •  Задолжителна посета на Монакои фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€)
  •  Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан (брод + влезница за музејот)- (30€)

Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња – Човекот со железна маска… тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 170€

  •  Туристичка такса во Кан/Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •  Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •  Билети за јавен превоз
  •  Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  •  Доплата за избор на седиште 20€
  •  Доплата за празно седиште 150€

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МС – ТРАВЕЛ СЕРВИС
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
адреса
Град:
Област:
Округот: Ница
Државната: Франција
Земја: Франција
детали
Имотната Состојба: сигурна реализација
Имот ID: 43173
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

октомври 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минато
денес
резервирано
По лице 259 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 259 евра Промо