Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето

11-ти Октомври ИТАЛИЈА – Верона,Милано,Сирмеоне,Венеција,Италија

11-ти Октомври
|0 Спални соби|

опис

11-ти ОКТОМВРИ – 5 дена / 2 ноќевања со појадок

ВЕРОНА – СИРМЕОНЕ – МИЛАНО – ВЕНЕЦИЈА – ПАЛМА НОВА ( ШОПИНГ ЦЕНТАР )

 

1 ден  09.10.2026 КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА  

Состанок на групата во 12:00 часот на булеварот кај гранична полиција во Кавадарци.Во Скопје на паркингот кај хотел Русија, спортска сала Јане Сандански во 13:30 часот.Поаѓање во 14:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор.

 2 ден  10.10.2026 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА

Пристигнување во Верона во предпладневните часови. Разглед на Верона – градот на Ромео и Јулија: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.По разгледот на Верона сместување во хотелот.Време за одмор.Ноќевање.

3 ден 11.10.26 ВЕРОНА – МИЛАНО – СИРМЕОНЕ – ЛАГО ДИ ГАРДА – ВЕРОНА

 Појадок. По појадокот, заминување на групата кон Милано ( факултативно ). Организиран разглед на градот: тврдината Сфорцеско, “Piazza DUOMO“ – централниот плоштад на кој се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – DUOMO, потоа галеријата VITTORIO EMANUELLE која ги поврзува катедралата и Миланската Скала – една од најпрочуените оперски куќи во светот. Слободно време за прошетки, разгледи и шопинг во Милано. Попладне заминување на групата кон Сирмеоне.Монденско летувалиште на езерото Лаго Ди Гарда. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго Ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. После разгледот се враќаме во хотелот. Ноќевање.

4 ден 12.10.2026  ВЕРОНА – ВЕНЕЦИЈА – ПАЛМА НОВА – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ

Појадок. По појадокот, заминување на групата до пристаништето Пунта Сабионе, се качуваме на брод и заминуваме за Венеција. Пешачки разглед на градот со локален водич: плоштадот и црквата Св.Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Кулата, Прокуратите, мостот Риалто, Каналот Гранде. После разгледот со брод враќање до Пунта Сабионе.Патот го продолжуваме  кон Македонија. Попатна посета на шопинг центарот “ПАЛМА НОВА“ . Потоа продолжуваме  кон Македонија.Попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје – Кавадарци во раните утрински часови наредната ден.

5 ден 13.10.26 СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ. Пристигнување во Македонија во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   235 € – 14.582,00 денари ,

Промо цена од 195 € – 12.090,00 денари за целосна уплата до 15.09.2026

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз на наведената релација со високотуристички климатизирани автобуси опремени со: ТВ, аудио и видео опрема,
  • Сместување во хотел со 3*** во близина на Верона на база 2 ВВ ( ноќевања со појадок )
  • Лиценциран придружник од агенцијата за време на патувањето
  • Организација и реализација на програмата

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со брод „Вапорето„ од Пунта Сабиони – Венеција – 30 €
  • Разглед на Венеција со локален водич и радио слушалки 10 € + такса за влез во Венеција  – 10 € ( се најавува електронски а се плаќа во агенцијата )
  • Разглед на Верона со локален водич со аудио озвучување– 10 €
  • Факултативно посета на Милано и Сирмеоне со локален водич опремен со аудио со аудио озвучување – 45 € по лице
  • Туристичка такса 3од ноќ по лице ( се плаќа во автобус кај водичот на групата )
  • Влезница во дворот на Ромео и Јулија – 15 € по лице
  • Патничко и здравствено осигурување, истото треба да си го извадите сами.Доколку немате агенцијата не превзема никаква одговорност

НАПОМЕНА:

  • Калкулацијата е направена за минимум 40 особи во автобус
  • Краен датум за пријавување 25.09.2026 година.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да го откаже аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање доколку не се потполни бројот.Парите ќе ви бидат вратени во целост

 

ЗА ОВОЈ АРАНЖМАН ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.ИСТИТЕ ГИ ИМА НА НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА ИЛИ ПОБАРАЈТЕ ГИ ВО АГЕНЦИЈА ВО ПИСМЕНА ФОРМА

 

 

 

адреса
Град:
Област:
Округот: Верона
Државната: Италија
Земја: Италија
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 47159
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
бар / ресторан
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
климатизер
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

август 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
септември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минато
денес
резервирано
По лице 195 евра Промо цена
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 195 евра Промо цена