23-ти Октомври ББУДИМПЕШТА 2 ноќи – Будимпешта,Сент Андреа,Унгарија
опис
Будимпешта – Сент Андреа
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје, Куманово
1 ден 22.10.2025 (Среда) Кавадарци – Будимпешта
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
2 ден 23.10.2025 (Четврток ) Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови.
Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел...Ноќевање.
3 ден 24.10.2025 (Петок) Будимпешта – Сент Андреа
По појадокот Ве водиме на полудневн факултативен излет до Сент Андреа
Посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 25.10.2025 (Сабота) Будимешта-Македонија
По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Потоа следува посета на шопинг центар. Можност за посета на Szechenyi Baths and Pool во Будимпешта е омилен нео-барокен спа комплекс кој постои повеќе од еден век. Со 15 затворени базени, сауни, масажа и објекти за лице, како и три надворешни базени со џакузи и млазови вода, има многу релаксација. Се верува дека топлите извори богати со минерали што ги хранат базените имаат и терапевтски придобивки. Уникатните искуства вклучуваат пивски спа и летниот „Sparty“, мега забава што се одржува во просториите. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.
Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 26.10.2025 (Недела )
Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.
Промо цена – 149 евра (9.240ден.)
Редовна цена – 179 евра (11.098 ден.)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус,
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будимпешта,
- Организација на аранжманот,
- Лиценциран туристички придружник.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 250денари;
- Крстарење по Дунав 20€;
- Посета на Сент Андреа 25€;
-
Посета на Szechenyi Baths (превоз +влезница) 40 евра
- Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 15€;
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости;
- Доплата за еднокреветна соба 4.200 денари.
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници,
- Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по завршување на патувањето,
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата,
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари,
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање,
- Останатите услови на патување,
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила,
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање,
- За ова патување важат општите услови на патување Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.
Достапност
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |