Ресетирање На Лозинка

сигурна реализација
Резултатите од пребарувањето

23-ти Октомври ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ 3 ноќи – Интерхотел 4*,Сандански,Бугарија

23-ти Октомври
|0 Спални соби|

опис

Интерхотел Сандански 23-26 Октомври 2025

ОПИС:
Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40
км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу
сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура
од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на
најразлични болести. Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за
балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на
главната пешачка улица.

ПРОГРАМА:

БИТОЛА – КАВАДАРЦИ – САНДАНСКИ

23 Октомври 2025. Поаѓање во 06.00 часот од Битола, во 07:15 часот д Кавадарци за Сандански преку Струмица и Петрич
(попатни одмори, царински формалности). Пристигнување во Сандански. По пристигнувањето
сместување во хотелот. Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Ноќевање.

САНДАНСКИ

24-25 Октомври 2025. Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за
користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот. Можност за организирана
факултативна вечера. Ноќевање.

САНДАНСКИ – КАВАДАРЦИ – БИТОЛА

26 Октомври 2025. Појадок. Напуштање на хотелот до 12.00 ч. (локално време). Во 12.30 часот
(локално време), поѓање кон месноста Рупите (храмот – света Петка и гробот на најпознатата
пророчица –
Баба Ванѓа каде е и погребана). По посетата поаѓање за Македонија (попатни одмори, царински
формалности) пристигнување во Битола во вечерните часови.

Тип на соба – 1 DBLлукс / 187 € по лице на база 3 ноќевања со појадок

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
 Цените се за 1 лице за 3 ноќевања со појадок,
 Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
 Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
 Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
 Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
 Безжичен интернет во целиот хотел
 Паркинг
 Детско катче со аниматор
 Туристичка такса
 Попатна посета на гробот на Баба Ванѓа
 Придружник и организација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
 Доплата за организирана вечера 18€

 Патничко здравствено осигурување
Доплата за превоз 40 еур по лице

НАПОМЕНА:
Хотелот не прима домашни миленици
Сместување и напуштање на собите:
 Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
 Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)
Приговори и поплаки :
 Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за
тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде
решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и
уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од
сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои
агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците,
истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
 Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да
се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на
патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и
надлежните институции.
 Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на
патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве
молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој
програм.

УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:
1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото
резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред
пристигнувањето без пенали.
3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на
престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на
пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување,
агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано
напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е
без пенали.
7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред
пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
8. Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со
документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
Важат Општите услови за патување на  Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

адреса
Област:
Округот: Сандански
Државната: Бугарија
Земја: Бугарија
детали
Имотната Состојба: сигурна реализација
Имот ID: 45772
препорачано
кревет и купатило
основни
фен за коса
шампон
објекти
базен
бар / ресторан
вклучен појадок
детектори на чад
лифт во објектот
слободен паркинг
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
климатизер
телефон
фен
џакузи (топла бања)
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
теретана / сала за тренинг
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

октомври 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
ноември 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
минато
денес
резервирано
По лице 187 евра
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 187 евра