Reset Password

попуст за рана резервација
Your search results

8-ми Декември АТИНА 2 ноќи – Атина,Грција

8-ми Декември
|0 Bedrooms|

опис

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Програма

Состанок на групата во 20.00 часот. Поаѓање за Атина во 20.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место.Сместување во хотел. Слободно попладне.Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич.

Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi).Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…Слободна вечер.Ноќевање.

После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија.Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 10.12. – Вторник.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 16евра ПО ЛИЦЕ /10.478мкд

 ЦЕНА: 139 eвра ПО ЛИЦЕ /8,620 мкд до 10.11.2024

Што е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3*, во центарот на Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

Не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез ( 40 € )-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (12 €) и Микена (12 €)
  • Посета на Сунион со вклучена влезница ( 35 € )
  • Влезница за во Акропол со водич и слушалки ( 30 € )
  • Туристичка такса 4 евра по лице се плаќа во автобус
  • Индивидуални трошоци
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
адреса
County: Атина
State: Грција
Country: Грција
детали
Property Status: попуст за рана резервација
Property ID: 43923
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
лифт во објектот
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Other Features
TV - телевизија / телевизор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
По лице 139 евра Промо
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner
x
По лице 139 евра Промо