Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
сопствен аранжман
Резултатите од пребарувањето

8-ми Декември ПРАГА – Прага,Дрезден,Виена,Чешка

8-ми Декември
|0 Спални соби|

опис

Прага ( Дрезеден – OUTLET PARNDORF – Виена)- 2НП Christmas Market

€179,00
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9 – от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

Термин 06 Декември

1 ден:  06.12.2024 КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата на булеварот кај Гранична полиција во Кавадарци во 08:30 часот, поаѓање во 08:45 часот.Во Скопје на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

 2 ден: 07.12.2024  ПРАГА:

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Можност за мистично крстарење по Влтава. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

3 ден: 08.12.2024 ПРАГА –  ДРЕЗДЕН :

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

 4 ден :09.12.2024 ПРАГА – ВИЕНА – КАВАДАРЦИ:

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  PARNDORF . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан…  Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

 

5ден :10.12.2024 СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ:

Пристигнување во Скопје-Кавадарци  во  пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 10 Октомври: 179€ / 11.100 Ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€/12.340Ден. 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  •          Превоз со високотуристички автобус на релација Кавадарци – Скопје – Прага  – Скопје – Кавадарци
  •          2 ноќевања со појадок во Hotel Olympic Congres 4* во Прага
  •          Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  •          Посета на Виена и прошетка низ центарот на градот
  •          Организација и водство на програмата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  •          Туристичка такса (се плаќа во агенција) – 310 мкд
  •          Разглед на Прага со локален водич – 15
  •          Факултативна посета на Дрезден  со локален водич– 45
  •          Крстарење со брод по Влтава – 20 
  •          Влезници за музеи и локалитети
  •          Доплата за еднокреветна соба 2.900 ден
  •          Доплата за избоер на седиште (при резервација) -20
  •          Задолжително патничко здравствено осигурување  ( си го вадите сами )

 

НАПОМЕНИ

  •          За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •          Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •          За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •          Останатите услови на патување важат според годишниот програм на МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС
  •          Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  •          Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање 
  •         За ова патување важат Општите услови за патување на МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ
адреса
Град:
Област:
Округот: Прага
Државната: Чешка
Земја: Чешка Република
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација,сопствен аранжман
Имот ID: 43566
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
бар / ресторан
вклучен појадок
лифт во објектот
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

октомври 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минато
денес
резервирано
По лице 179 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 179 евра Промо