8-ми МАРТ БЕЛГРАД 2 ноќи – Белград,Нови Сад,Србија
опис
8-ми Март БЕЛГРАД – НОВИ САД 3 дена/ 2 ноќи
1 ден. 06.03.2026 КАВАДАРЦИ – СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата спроти гранична полиција во Кавадарци во 01:00 часот. Поаѓање за Белград во 01:15 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во утринските часови во Белград. Организиран разглед на градот Славија, Теразије, Булеварот на Крал Александар, Парламентот, црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава, Дедиње. Сместување во хотел. Вечерта факултативно посета на еден од ексклузивните ресторани на Скадарлија или на Сплав на Дунав со жива музика и вечера или во ресторанот на хотелот.Ноќевање.
2 ден. 07.03.2026 БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок. По појадокот – Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро-варадинската тврдина…во попладневните часови враќање во Белград. Во вечерните часови препорачуваме посета на еден од ексклузивните ресторани на Скадарлија или на сплав на дунав со жива музика и вечера или во ресторанот на хотелот Ноќевање.
3 ден. 08.03.2026 БЕЛГРАД – СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ
Појадок. Слободно време до поаѓање за Кавадарци, шопинг во трговскиот центар Белград на води или факултативна посета на Меморијалниот Центар и Куќата на цвеќето во која се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито… Поаѓање за Кавадарци во 15:00 часот. Пристигнување доцна навечер.
Цена на аранжманот: 129 € ( 7.998,00 мкд )
Промо цена до 31.01.2026 = 109 € ( 6.758,00 мкд )
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел “Центар Балашевиќ 3*** на база 2 НП (ноќевања со појадок, Шведска маса).Хотелот е комплетно реновиран, има 88 соби.
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Организиран разглед на Белград со локален водич – 5 € ( задолжително )
– Факултативна посета на Нови Сад со локален водич 25 € ( минимум 35 патника )
– Факултативна вечера во ресторан со музика ( може и во склоп на хотелот )
– туристичка такса 4 € ( се плаќа во автобус )
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здраствено осигурување си го вадите сами.Агенцијата не сноси одговорност доколку немате.
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. Доколку бројот е помал цената ќе се зголеми според бројот на патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред датумот на тргнување.Уплатените средства се враќаат во целост
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на “ МС – ТРАВЕЛ СЕРВИС“, Кавадарци
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | |
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | 31 | |||||




