8-ми Декември ЗЛАТИБОР 3 НВ – Хотел“Вила Борова 4*“,Златибор,Србија
опис
Нова 2026 година / ЗЛАТИБОР – ДРВЕН ГРАД – СТОПИНА ПЕШТЕРА – МУЗЕЈ “СТАРО СЕЛО“ СИРОГОЈНО
30.12.2025 – 02.01.2026 / 3 НВ ( полупансиони со вклучени 2 Свечени вечери за дочек на Нова 2026 година и реприза на 01.01.2026 )
Златибор е меѓу најпопуларните места во Србија за туризам кој што е уметност. Златиборци се познати по својата снаодливост и мудрост. Златибор е планина која никого не остава рамнодушен, ама баш никого. Мора да се доживее, за да потоа се прераскажува. Лоциран е на околу 500 километри северно од Скопје. Борова шума насекаде околу вас, а накитените борови со снег ви даваат впечаток како да сте на најубавото место во светот. Планината ве плени со сиот свој сјај, воздухот ве маѓепсува и конечно не ви преостанува ништо друго освен да се опуштите и да уживате во вистинска смисла на зборот. Ова е место за сите генерации.
Мокра Гора е живописно планинско село кое се протега помежу планините Тара и Златибор. Популарната атракција е старата теснолиниска железница,Шарганска осмица,Која се протега 300 метри нагоре и се формира шарганската осмица. На блискиот рид Меќавник се наоѓа етничкото село на познатиот филмски режисер Емир Костурица,кое е изградено во локален етно стил. Посетителите тука можат да вдишат во единствената атмосфера,да уживаат во природата, да пробаат локална храна и да купат рачно изработени сувенири.
Заминуваме кон Мокра Гора каде не` очекува возбудливо патување со популарниот воз Ќира. Оваа пруга во минатото била врската на Европа со Јадранско Море, а денес на релација од Мокра Гора до станицата Шарган Витаси сообраќа Шарганската Осмица. За време на патувањето, ќе имате можност да уживате во импресивните предели на планините Златибор и Тара, а од видиковците каде попатно се застанува се гледа целата природна убавина. Од таму се упатуваме на ридот Меѓавник каде по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“, селото потсетува на вистински град: на самиот влез има голема влезна капија од каде започнува главната улица која се протега се до другиот крај каде се наоѓа мала дрвена православна црква со дрвено ѕвонче посветена на Свети Сава, градена по угледот на руските црквени брвнари. Во централниот дел на селото е плоштадот поплочен со дрвени коцки и опколен со брвнари кои се автентични и пренесени од околните села. Во секоја од нив се содржините карактеристични за секој град: хотелот Меќавник, галерија со слики, библиотека, кино сала сместена под земја, слаткарница со домашни колачи и природни сокови, национален ресторан и продавница со народни ракотворби од тој крај… Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкаља, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на Бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди, исто како што е Свети Стефан во Црна Гора. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Во попладневните часови враќање во Златибор.
05.12.25 ( Петок ) КАВАДАРЦИ – СКОЈЕ – ЗЛАТИБОР
Состанок на групата на булеварот кај гранична полиција Кавадарци во 00:15 часот. Во Скопје пред Хотел РУСИЈА кај спортската сала “Јане Сандански“ – Аеродром во 01:15 часот. Поаѓање на групата за Златибор. Се патува преку граничниот премин Табановце.Во текот на патувањето се предвидени 2, 3 попатни паузи. Пристигнување во Златибор околу пладневните часови. Сместување во собите после 14:00 часот.Попладне слободно време за релаксција во СПА-центарот во хотелот и индивидуални активности за прошетка и запознавање на Златибор.Вечера.Ноќевање.
06.12.25 ( Сабота ).ЗЛАТИБОР-ДРВЕН ГРАД
Појадок. После појадокот предвидена е посета ( факултативно ) на Дрвен Град на Мокра Гора.Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време за одмор и релаксација во СПА – центарот на хотелот и слободни активности. Вечера.Ноќевање.
07.12.25 ( Недела ).СТОПИНА ПЕШТЕРА – СИРОГОЈНО – КАВАДАРЦИ
Појадок. После појадокот предвидена е (факултативна) посета на Стопина Пештера и Посета на Музеј“Старо село“ – Сирогојно со локален водич – кустос. Враќање во хотелот во пладневните часови.Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Златибор и Златиборско езеро. Посета на Златиборскиот пазар каде што можете да си купите од најубавиот домашен кајмак,кашкавал,сирење,пршути и други сувомеснати производи,рачно плетени работи од чиста волна.Разни видови на планински чаеви,ракија од сливи,Клековача,Дуњовача,Кајсија и многу други производи. Вечера.Ноќевање.
08.12.25 ( Понеделник ). ЗЛАТИБОР-ВРЊАЧКА БАЊА-КАВАДАРЦИ
Појадок.После појадокот заминување за Макепосетата заминуваме за Македонија. Попатна посета на Врњачка Бања.Слободно време за ручек.После ручекот заминување за Македонија.Пристигнување во Скопје/Кавадарци во касните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 245 € – 15.190,00 ден
225 € – 13.950,00 денари – Промо цена до 15.11.25
Во цената на аранжманот е вклучено.
- Превоз на релација Кавадарци – Златибор – Кавадарци со високо туристички автобуси
- Сместување во Хотел “Вила Борова 3+* “ на 600 метри од центарот во Златибор на база 3 НВ (појадок и вечера ) Шведски стол, сместувањето е во 1/2 и 1/3 апартмани,
- Организација и водство на патувањето со лиценциран пратител од нашата агенција
- Вклучена туристичка такса за 3 дена
- Во цената е вклучено користење на СПА-центарот во хотелот. Теретана, Базен,Џакузи,Сауна,Парна бања,Тепидариум 2 часа во текот на денот. Масажите се плаќаат
Во цената на аранжманот не е вклучено.
- Посета на Дрвен Град (Мокра Гора) – 20 € по лице со вклучена влезница
- Посета на Стопина пештера со локален кустос и вклучена влезница. Посета на Музеј “Старо село“ – Сирогојно локален кустос и вклучена влезница – 20 € по лице
- Патничко и здравствено осигурување си го вадите сами
Напомена:
- Калкулацијата на цената е правена за минимум 40 особи
- Доколку се патува си Миниавтобус потребен е минимум од 18 особи.Цената се зголемува за 20 € по особа
- Во Србија може да се патува со Пасош или Лична карта
- Доколку не се исполни бројот на патници агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најкасно 5 дена пред поаѓање.Уплатата ќе ви биде вратена во целост
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |




