8-ми Декември ИСТАНБУЛ 2 ноќи – Истанбул,Турција
опис
ТЕРМИН:06.12 – 08.12.2025
Добредојдовте во магичниот Истанбул – градот на два континента, каде што историјата, културата и модерниот живот се испреплетуваат на секој чекор!
Ве покануваме на незаборавно патување низ Истанбул, каде ќе ги истражуваме најпознатите знаменитости и скриените бисери на овој фасцинантен град. Ќе прошетаме низ Капали Чаршија – еден од најстарите и најголемите покриени базари во светот, ќе го почувствуваме духот на древниот Хиподром, ќе се восхитуваме на величествената Аја Софија – симболот на византиската и османлиската ера.
Ќе уживаме во панорамско крстарење по Босфорот, каде што ќе ги видиме импресивните палати, џамии и мостови што го спојуваат Истокот и Западот. Ќе го почувствуваме пулсот на градот на познатиот плоштад Таксим, ќе се прошетаме покрај морето во живописниот Ортаќој, како и низ автентичниот азиски дел на градот – Ускудар., Ќе уживате низ Kадикој една од најпознатите и најживописни населби во азискиот дел, ќе дегустирате локуми, баклави и најпознати турски специјалитети!
Оваа програма е совршен спој на историја, култура, вкусна храна и незаборавни погледи. Подгответе се за авантура која ќе ви ги разбуди сите сетила и ќе ве натера повторно да се вратите во Истанбул или за прв пат да го посетите!
РЕДОВНА ЦЕНА: 139 € / 8.620 ден
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10: 119 € / 7.380 ден
ПРВ ДЕН – 05.12.2025 (ПЕТОК)
Состанок на групата во 15:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Се патува преку Грција.
ВТОР ДЕН – 06.12.2025 (САБОТА)
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Капали Чаршија со локален водич, па се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија. Слободно време за индивидуални активности. Влезот во хотелите е по 14:00ч.
Во договорено време се упатуваме кон плоштадот Таксим кој се смета за еден од најпознатите и најживописните места во Истанбул, лоцирано во модерниот дел од градот. Tаксим претставува симбол на урбаниот живот и е центар на културните, забавните и туристичките случувања. Од плоштадот започнува прочуената Истиклал авенија, пешачка улица долга околу 1,5 километри преполна со продавници, кафулиња, ресторани, уметнички галерии. Најголемата атракција е и ретро трамвајот што ја поврзува улицата со плоштадот. Денот го завршуваме со посета на Ortaköy – едно од најшармантните и најпосетувани соседства во Истанбул. Познат е по својата романтична атмосфера, тесните калдрмисани улички, уметничките галерии и кафулиња со поглед кон море. Најголемиот симбол на Ортакој е џамијата Ортакој (Büyük Mecidiye Camii), изградена во 19-тиот век во барокен стил. Овде ќе ги најдете и најпознатите „компири од Ортакој“ (kumpir) – специјалитет со печени компири полнети со различни додатоци, кој е задолжителен за сите посетители. Ортакој е место каде што традицијата и модерниот живот се спојуваат – преку ден е совршено за прошетка и разгледување, а навечер се претвора во живо жариште со ресторани, барови и ноќен живот. По сите овие посети се упатуваме кон хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2025 (НЕДЕЛА)
Појадок. Денот ќе го започнеме со посета на автентично турско место каде што традицијата и вкусот се спојуваат на највкусен можен начин, место каде ќе имате можност да дегустирате дел од слатките производи.
Ова не е обична продавница – туку рај за љубителите на слатко. Овде има свежо направени локуми во сите вкусови, домашни баклави кои се топат во уста, креми, преливи и уникатни турски деликатеси што не се наоѓаат на секој агол и многу други слатки традиционални производи. Местото мириса на шеќер, ореви и рози – и е совршена можност за дегустација, уживање, и, секако – шопинг! Идеално и за подарок… ако, секако, нешто остане до дома! Најубавиот момент што туку започнува а тоа е крстарење по Босфор кое претставува едно од највеличествените природни богатства на Истанбул и вистинска атракција која го прави градот единствен во светот и го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а воедно ја дели Турција на европски и азиски дел, што му дава неповторлив културен и географски шарм. Ќе имаме можност да го доживееме градот на поинаков начин. Ќе ги видиме величествените мостови, луксузните палати од турските серии кои вредат милиони и историски јали (традиционални куќи покрај море), па сè до модерните марини и рестораните на брегот. Се упатуваме кон Џамијата Чамлџа – Симболот на модерниот Истанбул, кој воедно претсавува најголемата џамија во Турција и еден од најновите симболи на Истанбул. Сместена е на ридот Чамлџа, од каде што се отвора спектакуларен панорамски поглед кон целиот град и Босфорот. Изградена е и отворена во 2019 година, со капацитет од над 60.000 верници, што ја прави не само најголема во Турција, туку и една од највеличествените во светот. Архитектурата е комбинација на класичен османлиски стил и модерни елементи. Комплексот околу џамијата вклучува и музеј, библиотека, уметничка галерија и конференциски сали, што ја претвора Чамлџа во вистински културен и духовен центар.Продолжуваме кон Ускудар, едно од најстарите и најавтентични соседства на азиската страна на Истанбул. Познат по својата богата историја, духовна атмосфера и прекрасни погледи кон Босфорот, овој дел од градот нуди вистинско патување низ времето. Главна атракција е Кулата на девојката (Kız Kulesi) – легендарна градба на мало островче, која е симбол на Истанбул и поврзана со бројни митови и легенди. Од брегот на Ускудар се пружа еден од најубавите залези на сонце во градот, со поглед кон европската страна и силуетата на Султанахмет. Кратка пауза за фотографија и последно место за посета е една од најживописните, модерни и културно богати населби на азиската страна на Истанбул, со сосема поинаква енергија од историскиот центар на градот, населбата КADIKOY каде сме уверени дека најдобрите фотографии ќе ги направите токму овде. Слободно време за индивидуален разглед и уживање во населбата. Враќање во хотел. Подгответе се за вечер исполнета со ритам, боја и традиција! Ќе уживаме во вистинско ориентално шоу, трбушен плес со танчерки, вечера, неограничено пиење. Атмосферата е незаборавна – музика, танц и веселба што ќе ве однесе назад низ вековите на Отоманската империја. Ноќевање
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК)
Појадок. По појадокот следува одјавување од хотелот, по што се упатуваме кон посета на трговски центар каде ќе имаме околу 3 часа слободно време за шопинг, кафе или ручек. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија со ноќно возење и попатни паузи. Се патува преку Грција. Пристигнување во Македонија во утринските часови (09.12.2025-вторник).
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз (Кочани,Штип,Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија)
– 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
– Разглед на Капали Чаршија и Хиподромот
– Туристички придружник за време на целото патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Посета на Таксим и Ортаќој- 25€ (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
– ИСТАНБУЛ ПАКЕТ- 60€
– Посета на продавницата за слатки и локуми
– Крстарење по Босфор
– Посета на Чамлиџа Џамијата
– Посета на Ускудар (кратка пауза за фотографирање)
– Посета на Кadikoy– најпозната населба во Азиската страна
– Традиционална турска вечер- 45€ од лице (трбушен танц, неограничен алкохолен и безалкохолен пијалок и вечера)
*НАПОМЕНА:
ПРЕД УПЛАТА НА АРАНЖМАН ПАТНИКОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ИЗЈАСНУВА ДАЛИ ЌЕ КОРИСТИ ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 60 ЕВРА ПОРАДИ НАВРЕМЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА.
– Туристичка такса задолжителна доплата 2 евра од човек за две ноќевања
– Патничко осигурување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Деца до 2.99г. во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
– Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума ( добиваат попуст само на факултативите)
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра (за две ноќевања)
НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат општите услови за патување на Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |





