Ресетирање На Лозинка

Резултатите од пребарувањето

8-ми Декември ТЕМИШВАР и СИБИУ 2 ноќи – Темишвар,Сибиу,Романија

8-ми Декември, Божиќен Базар
|0 Спални соби|

опис

8-ми ДЕКЕМВРИ – ТЕМИШВАР И СИБИУ РОМАНИЈА  🚌 автобуски превоз
Темишвар е трет по големина град во Романија и (2023-та) е прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција.
За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија.
Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој Ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”
 

РЕДОВНА ЦЕНА: 169 € / 10.478 мкд 

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10: 149 € / 9.238 мкд

ПРВ ДЕН – 05.12.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ТЕМИШВАР
Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани, Штип, Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

ВТОР ДЕН – 06.12.2025 (САБОТА) ТЕМИШВАР
Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор.
Посета на божиќниот маркет во Темишвар. Враќање во хотел. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН – 07.12.2025 (НЕДЕЛА) ТЕМИШВАР – ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран. Овој Замок има непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките.
Заминување кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде не очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата- куќата на Дедо Мраз.
Слободно време за уживање вo Божиќниот пазар. Враќање во хотел. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ТЕМИШВАР – БАЊИ – СКОПЈЕ
По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Термалните бањи-Амазониа. Амазониа се состои од Спа центар (финска сауна, био сауна, парна бања, инфраред сауна, солена соба, џакузи со хидро масажа), Аквапарк (надворешни и внатрешни базени со 7 лизгалки, базени за деца, базен за релаксација, термален базен и сл.), медицински масажи, ресторан, бар и сл. Тука ќе имате 4 часа слободно време да се одморите и да уживате во термалните бањи Амазониа .Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови околу полноќ во Скопје.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Aвтобуски превоз
– 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
– Разглед на Темишвар со локален водич
– Туристички придружник за време на целото патување
– Организиран превоз Кочани, Штип и Куманово

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Вечерна посета на Christmas Market во Темишвар- 5€
– Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу – 60 €
– Посета на Термалните бањи Амазониа превоз и влезница – 40 €
– Туристичка такса-5 еур по лице за двата дена (се доплаќа во бус)
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд
– За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
– За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман

НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат општите услови за патување на Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

адреса
Округот: Темишвар
Државната: Романија
Земја: Романија
детали
Имот ID: 45952
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

октомври 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
ноември 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
минато
денес
резервирано
По лице 149 евра Промо цена
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 149 евра Промо цена