Reset Password

попуст за рана резервација
Your search results

8-ми Март БРАТИСЛАВА-ВИЕНА-БУДИМПЕШТА – Братислава,Виена,Будимпешта,Словачка

8-ми МАРТ
|0 Bedrooms|

опис

УБАВИЦИТЕ НА ДУНАВ – БРАТИСЛАВА – ВИЕНА – БУДИМПЕШТА

УБАВИЦИТЕ НА ДУНАВ

БРАТИСЛАВА – ВИЕНА – БУДИМПЕШТА

Братислава како главен град на Словачка, и се граничи со Австрија и Унгарија, е единствената престолнина во светот што се граничи со две земји. Братислава и Виена се сметаат за најблиски европски метрополи. Братислава е културен центар на Словачка. Поради историскиот мулти-културен карактер, локалната култура е под влијание на различни етнички групи меѓу кои ГерманциСловациУнгарци и Евреи. Братислава има голем број музеи, галерии, концертни сали, кина, филмски клубови и странски културни институции.

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување …и денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. Доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот. Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас

1 ден 06.03.2025 КАВАДАРЦИ – БРАТИСЛАВА

Состанок со групата во Кавадарци

Неготино

Велес

Скопје

Поаѓање за Братислава во 14.30 ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.03.2025 Братислава

Пристигнување во Братислава во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирил својот прв концерт…Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки.Состанок на групата во договореното време и упатување кон хотелот. Ноќевање.

3 ден 08.03.2025 Братислава – Виена

Појадок. После појадокот, поаѓање за Виена (факултативно)*За оние кои остануваат во Братислава денот го поминуваат индивидуално.Пристигнување во Виена, Разглед на градот со локален водич Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. На враќање кон Братислава посета на шопинг центарот ParndorfВраќање во Братислава во хотелот .Ноќевање.

4 ден 09.03.2025 Братислава -Будимпешта

Појадок.После појадокот, одјавување од хотелот и упатување кон Будимпешта.Задолжителна факултатива – Разглед на Будимпешта со локален водич , ги посетуваме Будим, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина, Споменикот на Милениумот или Плоштадот на хероите,Црквата св. Стефан,мостовите на Дунав,крстарење со брод по Дунав…

Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на улицата Ваци. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

5 ден 10.03.2025 Будимпешта – Кавадарци

Пристигнување во Кавадарци во претпладневните часови.

ПРОМО ЦЕНА: 179€/ 11.100 денари – со задолжителен пакет сите факултативи 60 евра по лице

РЕДОВНА ЦЕНА 209€ / 12.960 ден

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • превоз со високотуристички автобуси на избраните дестинации
  • сметување во хотел со 3* во Братислава– 2 НП (ноќевање + појадок)
  • лиценциран туристички придружник за време на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • факултативна посета на Виена со локален водич – 35€ – мин. 30 лица за реализација
  • Разглед на Братислава со локален водич (ЗАДОЛЖИТЕЛНО 10 ЕВРА)
  • Разглед на Будимпешта со локален водич + крстарење со брод по Дунав – 30€
  • Трансфер од градови Гевгелија,Битола,Прилеп -10е во правец по лице
  • патничко здравствено осигурување – 300 ден
  • индивидуални трошоци

НАПОМЕНА:     

Патувањето е од туристички карактер затоа задолжително треба да се избери барем една од понудените факултативи!

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;
  • Доплата за дополнително седиште 100 евра;
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата, не постои можност за задржување на границата поради TAX FREE;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Плаќањето за аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
  • За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ.
адреса
County: Братислава
State: Словачка
Country: Словачка (Република Словачка)
детали
Property Status: попуст за рана резервација
Property ID: 44683
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
лифт во објектот
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
климатизер
Other Features
FB Полн пансион
TV - телевизија / телевизор
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
јануари 2025
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
По лице 179 евра Промо
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner
x
По лице 179 евра Промо