8-ми Март КУШАДАСИ 2 ноќи – Кушадаси,Памук Кале,Ефес,Турција
опис
Кушадаси – Памукале – Ефес – куќата на Богородица
Кушадаси – “остров на птиците“, името го добива по островот кој е во негова близина, а е поврзан со копното преку насипи. Камената тврдина која потекнува од 15в. и стои на средина на островот е заштитен знак на градот. Од полуостровот се гледа кон соседна Грција и островот Самос.
Некогашното мало рибарско место – Кушадаси, денеска претставува бисер на ориентот и е еден од најпознатите туристички центри на Егејско Море. Големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот, гостопримливоста на локалните жители, благата медитеранска клима, неговите плажи (Long Beach, Ladies Beach и градската плажа) го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.
Ефес – Античкиот град Ефес кој се наоѓа во населеното место Селчук во близина на градот Измир и воедно е на списокот на светското наследство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО, годишно го посетуваат околу 1 милион домашни и странски туристи. Остатоците на античкиот град кој почнувајќи од предисторискиот период во текот на елинистичкиот период, Рим, Источен Рим и османскиот период бил користен како населено место во текот на приближно 900 години, се наоѓа меѓу значајните туристички дестинации кои се посетуваат. Ефес е познат како единствен град во историјата кој што бил изграден целосно од мермер и опстојувал како цивилизациски центар на античкиот период.
Куќата на Богородица во Ефес – Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите. Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги поминала во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција.
Памуккале – необично природно и историско место со пенливо бели каскадни замоци и базени и една од најголемите атракции на Турција, уникатен во светот. Самиот збор Памуккале означува замок од памук. Заслепувачките бели варовнички замоци се формираат од варовничките термални извори создавајќи неверојатни формации на сталактити, дупки и катаракти. Водата на терасите е седимент на изворите со клациум бикарбонат и со температура од 33 степени. Водата која содржи главно соли на калциум и јаглерод диоксид, при истекот јаглеродот диоксид испарува додека калциумот се задржува и формира прекрасен пејзаж. Памуккале е создаден со оваа постепена формација, оставајќи слика слична на памук. Водата на Памуккале е позната по своите придобивки за очите и кожата, и лековита за болести како астма, ревматизам.
1 ден 06.03.2026 Кавадарци – Кушадаси
Поаѓање во пладневните часови од градовите:Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија (граница). Сe патува преку Грција со попатни паузи.
2 ден 07.03.2026 Кушадаси
Пристигнување во Кушадаси во пладневните часови сместување во хотелот. Прошетка по старата чаршија на Кушадаси. Можноста да се ужива во многубројните кафулиња, продавници и морската широчина која што ја нуди Турскиот бисер на Егејското море. Ноќевање.
3 ден 08.03.2026 Кушадаси – Памукале
По појадокот заминување за Памуккале (188 км), Белата планина-единствена од ваков вид во светот. По пристигнувањето во Памуккале посета на античкиот град Хиераполис, кој е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината – феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C. По посетата враќање во Кушадаси доцна попладне. Попатно посета на фабрика за текстил. Слободна вечер. Ноќевање
4 ден 09.03.2026 Кушадаси – Ефес – Куќата на Богородица-Кавадарци
Појадок. Заминување и посета на куќата на Дева Марија (каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос), по посетата заминување за Селџук и посета на грандиозниот локалитет Ефес. По посетата групата се упатува кон Македонија со попатни паузи ноќно возење, царински формалности
5 ден 10.03.2026 Кавадарци
Пристигнување во Македонија во утринските часови
ПРОМО ЦЕНА – 199 евра (12 340ден.)
Редовна цена – 230 евра (14.260ден.)
Во цената е вклучено
- Превоз со туристички автобус на наведената релација,
- 2 ноќевања во хотел 3* – Кушадаси,
-
Разглед на Кушадаси ,
- Придружник на групата,
- Организација на аранжманот.
Во цената НЕ Е вклучено:
- Патничко осигурување,
-
Факултативно Ефес со платени влезница ( 20 патници минимум) – 60€,
-
Куќата на Дева Марија – со платени влезница ( 20 патници минимум) – 25€,
ако се земат двете факултативите Ефес и Куќата на Дева Марија – 75€,
-
Факултативно Памуккале – со платени влезница+ ручек ( 25 патници минимум) 60€,
Oбјавените влезнице се со моментални цени може да има имзмени во 2026 година.
-
Туристичка такса – 4 евра се плака во агенција.
Патувањето е од туристички карактер затоа задолжително треба да се избери барем едена од понудените факулативи!
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
- Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
- Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;
- Доплата за дополнително седиште 100 евра;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |




