8-ми Март МЕТЕОРИ – Солун,Паралиа,Метеори,Грција
опис
АРАНЖМАН 8-ми МАРТ / СОЛУН – ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ
2 дена/1 ноќевање/автобус
1 ден 08.03.2025 СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – СОЛУН – ПАРАЛИА
Состанок на групата во 04:00 часот на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање за Грција во 04:15 часот. Поаѓање од Кавадарци во 05:45 часот од булеварот кај гранична полиција. Пристигнување во Солун во раните утрински часови. Посета на шопинг центрите COSMOS и IKEA. Слободно време за шопинг . Во договореното време поаѓање за Паралија. Пристигнување во Паралија/Платамона во вечерните часови. Сместување во хотел или приватни апартмани.Вечерта може да се организира Свечена Вечера во ресторан со музика. Ноќевање.
2 ден 09.03.2025 ПАРАЛИА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, заминување на групата кон Метеори . Посета на една од најатрактивната дестинација – Метеори. Метеорите се таканаречени „карпи во воздухот“.Метеорите се едни од најголемите православни манастирски комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Денес од шесте манастири, пет се машки, а еден е женски манастир, и дел од нив служат како туристичка атракција. Целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО.Посета на фабриката за изработка на Икони со можност да си купите по поволни цени. Поаѓање за Македонија е во попладневните часови. Пристигнување во Кавадарци / Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА на аранжманот 4.500,00 денари / ноќевање со појадок
3.990,00 ден / ноќевање во студија/апартмани без појадок
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
- Сместување во хотел 3* – 1НП ( ноќевање со појадок )
- Сместување во Апартмани ( само ноќевање )
- Посета на Солун и Шопинг центрите Космос-Икеа – Аутлет One SALONIKA
- Организирана посета на Метеори
- Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за Метеорите – ( се плаќа на лице место )
- Свечена вечера во ресторан со музика – 30 €
- Туристичка такса 4 € за хотел, 2 € за студио/апартман. Се плаќа во агенцијата
- Патничко осигурување е задолжително и треба сами да си го извадите.Во случај да немате патничко осигурување агенцијата не сноси одговорност за евентуалните последици по патникот
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
За реализација на аранжманот потребени се минимум од 40 патници!
За овој аранжман важат општите услови на патување на T.A. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС-Кавадарци
Availability
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 |