8-ми МАРТ САРАЕВО – Сараево,Мостар,Коњиц,Босански Пирамиди,Вишеград
опис
САРАЕВО со посета на термална ривиера – МОСТАР ( КОЊИЦ – БУНКЕРОТ НА ТИТО, ТУНЕЛ РАВНО, ЈАБЛАНИЦА )
Сараево, главен град и културен центар на Босна и Херцеговина.Лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. Наречен “Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“ е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Град со околу 400.000 жители, бурна историја, град домаќин на 14-те Олимписки игри (1984).
Прв ден: 06.03.2025 (Четврток ) Кавадарци – Сараево
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес,Скопје и Куманово. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Втор ден:07.03.2025 (Петок ) Сараево
Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на: градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство,катердалата Срце Христово, Соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија,Башчаршија, мостовите….Смесување во хотел.
*Можност за факултативан посета на термална ревиера во хотел Хилс 5*.(патниците треба да имаат купаќи костим, крпа и влечки за да ја користат ова факултатива). Ноќевање.
Трет ден: 08.03.2025 (Сабота) Сараево ,Бункер на Тито,Јабланица, Мостар ,Сараево.
Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Посета на Бункерот– атомското скривалиште на Тито во Коњиц, а потoа се продолжува кон Јабланица со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. *Можност за свечена осмомартовска вечера во ресторан со жива музика. Ноќевање.
Четврти ден: 09.03.2025 (Недела) Сараево, Босански Пирамиди, Вишеград, Кавадарци
Појадок.По појадокот можност за факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот – Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето, е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот ‘Равно 1” во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.
***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот. Одјавување од хотелот.
Заминување кон градот Вишеград. Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ. Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град” познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ.
Враќање кон Македонија со попатни паузи.
Петти ден: 10.03.2025 ( Понеделник) Сараево-Кавадарци
Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА- 99 евра / 6138 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 115 евра / 7.130 денари
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Aвтобуски превоз на дадената релација;
- Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
- Разгледување на Сараево со локален водич;
- Разглед на Андрич град;
- Придружник на групата.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Бр 1 :Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* (везница и превоз) –10евра (620 ден.) – миниум 10 патници;
- Бр 2 :Полудневен излет до Мостар (разглед + Јабланица + посета на Бункерот на Тито) – 60 евра – минум 35 патници;
- Бр 3 : Постета на Босански Пирамиди – 25 евра (миниум 30 патници);
- Туристичка такса 2 евра – се плаќа во агенција;
- Босански пакет (Термална ривиера Хотел Хилс 5* + Мостар и разглед + посета на Бункерот на Тито + Босански Пирамиди) – 85 евра.
- Свечена осмомартовска вечера (дополнително цена)
- Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
- Трансфер по градови Гевгелија, Битола, Прилеп, Штип – 10е во правец по лице
НАПОМЕНИ:
Патувањето е од туристички катактер затоа задолжително треба да се избери барем една од понудените факултативи БР 2 или БР 3 ;
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
-Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
-Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;
-Доплата за дополнително седиште 100 евра;
-Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата, не постои можност за задржување на границата поради TAX FREE;
-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
-Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
-Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
-Пасошот мора да има важност минимум 3 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот;
–Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ.
Availability
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 |