Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето

8-ми Март ТЕМИШВАР 1 ноќевање – Темишвар,Арад,Романија

8-ми МАРТ
|0 Спални соби|

опис

ТЕМИШВАР и АРАД

Темишвар во западна Романија е прогласен за европски град на културата во 2023 под мотото – Нека блесне вашата светлина! Тој е најголем град во Банат и исто така е наречен „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт. Различноста во градот се огледа и во градската архитектура. Во центарот се три поврзани плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона низ улиците поставени во форма на ѕвезда. Плоштадот на операта или Плоштад на победата, Катедралниот плоштад и Плоштадот на обединување или Плоштад Слобода.Од балконот на Операта во 1989 години е објавено ослободувањето од комунистичката диктатура.

Арад е град сместен на бреговите на реката Муреш. Арад е единствениот град во Романија што го делат две историски провинции во земјата Крисана и Банат. Градот ја следи својата историја до 11 век и се развил како главно трговско место за време на турската окупација, помеѓу 1551 и 1699 година. од страна на императорот Франциско I од Австрија. Денес,Арад е важен индустриски центар и транспортен центар,дом на два универзитета,романска православна теолошка семинарија, Институт за обука на наставници и музички конзерваториум.

1 ден 06.03.2026 (Петок) Кавадарци-Темишвар

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

2 ден 07.03.2026 (Сабота) Темишвар

Пристигнување во Темишвар, организиран разглед со Локален водич на градот. Посетување на Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-кои е подарок од градот Рим. Разгледот продолжува по плоштадот Слобода на кои е изградена Страта Градска куќа во 1734 година во барок стил како и статуата на Дева Марија. Биста на Децебалус – последниот Дачки крал ,плоштадот на Единство каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас се дел од наследстовото на Темишвар. По завршување на разгледот и индивидулните активности поаѓање кон хотелот и сместување. Ноќевање.

3 ден 08.03.2026 (Недела) Темишвер – Арад

Појадок. Факултативна посета на градот Арад или инидивидуално слободно време во Темишвар.

Пристигнување во Арад кој се наоѓа во западниот дел на Романија и е град во регионот Кришана. Разглед со локален водич на Арад. Арад е град богат со архитектонско наследство, со неколку извонредни градби дизајнирани од талентираниот архитект Емил Табаковиќ. Ги посетуваме Малцинската црква, Палатата Арад (Дирекцијата на канадските железници), Палатата Најман, Трговското училиште, Индустриската – Народната банка, Палатата Фелдес и семејната куќа Табаковиќ. Покрај овие, Арад може да се пофали и со други архитектонски вредни знаменитости како што се Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот државен театар. Широкиот градски булевар на револуциите со дрвја е дом на многу од овие монументални градби, вклучувајќи ја и Црвената црква во неоготски/сецесионистички стил и Римокатоличката црква, што го прави Арад дестинација што мора да ја посетат љубителите на архитектурата. бројни кафулиња, ресторани, продавници за сувенири.. По улицата се најубавите палати во градот: палатата Стерн, палатата Аполо, палатата Московиц Микса, Палатата на правдата,Унгарската баптистичка црква, Грчко-Католичкиот комплекс... Слободно време.

Во пладневните часови заминување за Македонија.

4 ден 09.03.2026 (Понеделник)

Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

Промо цена – 120€ / 7.440 денари

(со задолжителна доплата АРАД)

Редовна цена – 149 €/ 9.240 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
  • 1 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Темишвар,
  • Пешачки разглед со локален водич на Темишвар
  • Профисионален туристички придружник,
  • Организација и реализација на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет до Арад 25 евра (миниум 30 патници)
  • Трансфер од градовите Гевгелија,Битола,Прилеп –10е во правец по лице (во договор со агенцијата)
  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.
  • Туристичка такса 2 евра се плача во агенција
  • Патувањето е од туристички карактер затоа задолжително треба да се избери барем едена од понудените факултативи !

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;
  • Доплата за дополнително седиште 100 евра;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
  • За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.
адреса
Област:
Округот: Темишвар
Државната: Романија
Земја: Романија
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 46361
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
климатизер
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

декември 2025
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
јануари 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 120 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 120 евра Промо