Reset Password

Your search results

8-ми Март 2024 САНДАНСКИ – “ Интерхотел Сандански 4*“,Сандански,Бугарија

8-ми Март 2024, ВВ ( ноќевање со појадок )
|0 Bedrooms|

опис

Сандански  е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од  33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.
Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

Интерхотел 8ми Март
Бр.на лица  08-10.03.2024
Еднокреветна соба 1 224€
Двокреветна соба 2 307€
Супериор 2 358€
Студио 2 421€
Апартман 2 465€
Доп.легло возрасен/дете (12-15,99 г.)  69€
Дете од 4-11.99г. на редовно легло со 1 возрасен  13€
Дете од 4-11,99 г. на доп. легло со 2возрасни во соба  31€
Доп. легло дете 4-11.99 г. в студио, супериор или апартман  13€
Бебе до 3,99 г.  БЕСПЛАТНО

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Ценатa вклучува:

– 2 ноќевања во соодветната соба за наведениот број гости;
– 2 ноќевања со појадок;
– 1 празнична вечера на шведска маса на 08.03.2024. со чаша вино и музика во живо;
– Внатрешен и надворешен базен со минерална вода;
– Надворешен термален базен со минерална вода;
– Сауна, парна бања, фитнес;
– Безжичен интернет, паркинг, туристичка такса и ДДВ;
– Пријавување – после 15:00 часот. на датумот на пријавување;
– Одјавување – до 12:00 часот. на датумот на поаѓање.
– Можност за доплата за вечера/шведска маса на 09.03.2024 г. без пијалоци – 21 еур по лице.

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз (Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Скопје, Велес 40€) ,  Дете 02-12 год. 30€
  • Патничко осигурување
  • Личен трошок на патникот
  • Неспомнати услуги

СМЕСТУВАЊЕ:

Интерхотел Сандански нуди сместување во 262 пространи соби, 17 апартмани и 6 студија.
Сите имаат модерна, пространа и пријатна внатрешност.
Големината еднокреветни и двокреветни соби 25м2.

ВО СОБИТE:
кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон, минибар (со доплата), бањите се со специјална тоалетна козметика, балкун со поглед на градот, планината, базенот, паркингот или паркот.

DBL – двокреветна лукс
Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче
Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
DBL SUP (двокреветна супериор соба-студио)
Спална со  брачен кревет (без прозор), физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (4 студиоа вкупно).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
STD – студио стандард
Спална со  брачен кревет, физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче  (1-4 кат).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
APP – апартман лукс
Спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче, две купатила(5-7 кат)
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год.

НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици

Сместување и напуштање на собите:

  • Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
  • Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)

Приговори и поплаки :

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Разгледи во близина на Сандански

  • Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години наХ век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
  • Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
  • Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

Услови за агентот и гостинот:

  1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
  2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
  3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ  од резервацијата.
  4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
  5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
  6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
  7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
  8. Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

адреса
County: Сандански
State: Бугарија
Country: Бугарија
детали
Property ID: 41934
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
базен
бар / ресторан
вклучен појадок
лифт во објектот
слободен паркинг
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
климатизер
перална
телефон
фен
џакузи (топла бања)
Other Features
TV - телевизија / телевизор
теретана / сала за тренинг
услови
Smoking Allowed
Pets Allowed
Party Allowed
Children Allowed

Availability

ноември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2024
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
past
today
booked
154 евра
×

Book Now

Guests
Adults
Ages 13 or above
0
Children
Ages 2 to 12
0
Infants
Under 2 years
0
Close

Add to Favorites
Contact Owner
Share
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    More Search Options

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

See Owner Profile
Contact Owner
x
154 евра