Аранжмани Нова Година ЗЛАТИБОР 3 ноќи – Хотел“Вила Борова 4+*“,Златибор,Србија
опис
НОВА 2027 ГОДИНА ЗЛАТИБОР – ХОТЕЛ“ВИЛА БОРОВА 4*“
31.12.26 – 03.01.27 / 3 ВВ ( ноќевање со појадок )
31.12.26 ( Четврток ) КАВАДАРЦИ – ЗЛАТИБОР
Состанок на групата на булеварот кај гранична полиција Кавадарци во 00:15 часот. Во Скопје пред Хотел РУСИЈА кај спортската сала “Јане Сандански“ – Аеродром во 01:15 часот. Поаѓање на групата за Златибор. Се патува преку граничниот премин Табановце.Во текот на патувањето се предвидени 2, 3 попатни паузи. Пристигнување во Златибор околу пладне. Сместување во хотелот.Слободно време за релаксција во СПА-центарот во хотелот,затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, арома туш и тропски дожд, парно купатило, финска сауна, фитнес центар, теретана(бесплатно користење). Вечерта, организиран Дочек на Новата 2027 година на Кралскиот Плоштад со богата музичка програма и забава. Ноќевање.
01.01.27 ( Петок ).ЗЛАТИБОР
Појадок. После појадокот, слободно време за одмор и релаксација во СПА – центарот или прошетка низ Златибор и Златиборско езеро. Посета на Златиборскиот пазар каде што можете да си купите од најубавиот домашен кајмак,кашкавал,сирење,пршути и други сувомеснати производи,рачно плетени работи од чиста волна.Разни видови на планински чаеви,ракија од сливи,Клековача,Дуњовача,Кајсија и многу други производи. Можете да се возите на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондола која го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. За време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Гондолата има една меѓустаница на Рибничкото Езеро каде на површина од 200 хектари е планиран развој на проектот Нов Златибор каде ќе се развива туризам од висока категорија. Со цел да ги задоволи интересите на посетителите од сите возрасти, од неодамна во Златибор е достапна најновата забавна содржина – Дино паркот лоциран во непосредна близина на хотелскиот комплекс, каде се поставени повеќе од 30 реплики на различни диносауруси. Вечерта, реприза на новогодишната вечер на Кралскиот Плоштад. Ноќевање.
02.01.27 ( Сабота ).Појадок. ( Факултативно ) посета на Дрвенград.Заминуваме кон Мокра Гора каде што Емир Кустурица го изградил етното селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“.Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкаља, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на Бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Враќање во Златибор. Вечерта можете повторно да ја следите музичката програма на Кралскиот Плоштад. Ноќевање
03.01.27 ( Недела ) ЗЛАТИБОР- ЕТНО СЕЛО ВО СИРОГОЈНО – СТОПИНА ПЕШТЕРА – КАВАДАРЦИ
Појадок.После појадокот заминуваме за Македонија. Попатно предвидена е (факултативна) посета на Стопина Пештера и Посета на Музеј“Старо село“ – Сирогојно со локален водич – кустос. Доколку не сакате посета на овие места одиме директно за Македонија.Предвидена е попатна посета на Врњачка Бања.Слободно време за ручек.После ручекот заминување за Македонија.Пристигнување во Скопје/Кавадарци во касните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 349 € – 21.638,00 денари
Попуст за рана уплата до 15.11.2026 цената е: 329 € – 20.398,00 ден
Во цената на аранжманот е вклучено.
- Превоз на релација Кавадарци – Златибор – Кавадарци со високо туристички автобуси
- Сместување во Хотел “Вила Борова 4+* “ на 600 метри од центарот во Златибор на база 3 ВВ ( ноќевање со појадок ) Шведски стол, сместувањето е во 1/2 и 1/3 апартмани.Бесплатно користење на СПА-центарот во хотелот
- Организација и водство на патувањето со лиценциран пратител од нашата агенција
- Во цената е вклучено користење на СПА-центарот во хотелот. Теретана, Базен,Џакузи,Сауна,Парна бања,Тепидариум,Тропски дожд. Масажите се плаќаат
- Лиценциран пратител на групата од агенцијата
Во цената на аранжманот не е вклучено.
- Посета на Дрвен Град (Мокра Гора) – 20 € по лице со вклучена влезница, минимум 35 пријавени патници
- Посета на Стопина пештера со локален кустос и вклучена влезница. Посета на Музеј “Старо село“ – Сирогојно локален кустос и вклучена влезница – 20 € по лице,
- Патничко и здравствено осигурување си го вадите сами
Напомена:
- Калкулацијата на цената е правена за минимум 40 особи
- Во Србија може да се патува со Пасош или Лична карта
- Доколку не се исполни бројот на патници агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најкасно 5 дена пред поаѓање.Уплатата ќе ви биде вратена во целост
- За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС. Ги има на нашата Web – страница или побарајте ги во агенција
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||




