Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето

Аранжмани Нова Година ИСТАНБУЛ 2 ноќи – Истанбул,Турција

Аранжмани Нова Година
|0 Спални соби|

опис

ИСТАНБУЛ 2 НОЌИ НОВА ГОДИНА –  ТУРЦИЈА

ИСТАНБУЛ НОВА ГОДИНА 2027

ТЕРМИН: 30.12.2026 – 02.01.2027

Добредојдовте во магичниот Истанбул – градот на два континента, каде што историјата, културата и модерниот живот создаваат незаборавна атмосфера!

Ќе ги откриеме Капали Чаршија, Хиподромот и Аја Софија, ќе уживаме во крстарење по Босфорот и ќе го почувствуваме ритамот на Таксим и Ортаќој. Ќе ја посетиме и азиската страна – Ускудар и Кадикој, познати по својата автентична атмосфера и традиционални турски вкусови.

Подгответе се за патување исполнето со историја, култура, гастрономија и незаборавни погледи!

РЕДОВНА ЦЕНА: 179 ЕВРА / 11.100 МКД

ПРОМО ЦЕНА: 149 ЕВРА / 9.240 МКД

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-Автобуски превоз (Кочани, Штип, Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија)
-2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
-Разглед на Капали Чаршија и Хиподромот
-Туристички придружник за време на целото патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Посета на Таксим и Ортаќој – 25 € (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
-ИСТАНБУЛ ПАКЕТ – 60 €, кој вклучува:
Посета на продавницата за слатки и локуми
Крстарење по Босфорот
Посета на џамијата Чамлиџа
Посета на Ускудар (кратка пауза за фотографирање)
Посета на Кадикој – една од најпознатите населби на азиската страна
*Дочек на Нова година на Босфор со крстарење, вечера, забава и неограничено пиење – 140 евра
*НАПОМЕНА: Пред уплата на аранжманот, патникот задолжително се изјаснува дали ќе користи пакет екскурзии од 60 евра, поради навремена организација.
-Туристичка такса – задолжителна доплата од 5 евра по лице за двете ноќевања
-Патничко осигурување
Програма:

ПРВ ДЕН 30.12.2026 (СРЕДА)

Состанок на групата во 15:30 часот пред хотел „Русија“. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот (предвидено време). Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Се патува преку Грција. За точното време на поаѓање патниците ќе бидат известени 2 дена пред реализацијата на аранжманот.

ВТОР ДЕН 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК)

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Капали Чаршија со локален водич, па сè до Хиподромот, каде што се лоцирани Аја Софија и Сината џамија. Слободно време за индивидуални активности. Сместувањето во хотелот е по 14:00 часот. Во вечерните часови следува највозбудливиот дел – дочек на Новата 2027 година на брод на Босфор! Ве очекува уникатно новогодишно искуство со панорамски поглед кон осветлениот Истанбул, магичната атмосфера на Босфорот и спектакуларен поглед кон двата континента што ги спојува градот.

Новогодишната ноќ ќе ја дочекате пловејќи помеѓу Европа и Азија, со музика, забава, добро расположение и незаборавна атмосфера, додека огнометот и светлата на Истанбул ја создаваат совршената сценографија за влегување во Новата 2027 година. По дочекот следува враќање во хотелот. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 01.01.2027 (ПЕТОК)

Појадок. Денот го започнуваме со крстарење по Босфорот, кој претставува едно од највеличествените природни богатства на Истанбул и вистинска атракција што го прави градот единствен во светот. Босфорот го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а воедно ја дели Турција на европски и азиски дел, што му дава неповторлив културен и географски шарм.

Ќе имаме можност да го доживееме градот на поинаков начин. Ќе ги видиме величествените мостови, луксузните палати од турските серии кои вредат милиони и историските јали (традиционални куќи покрај морето), па сè до модерните марини и рестораните на брегот. Се упатуваме кон џамијата Чамлиџа – симбол на модерниот Истанбул, која воедно претставува најголемата џамија во Турција и еден од најновите симболи на Истанбул. Сместена е на ридот Чамлиџа, од каде што се отвора спектакуларен панорамски поглед кон целиот град и Босфорот. Изградена е и отворена во 2019 година, со капацитет од над 60.000 верници, што ја прави не само најголема во Турција, туку и една од највеличествените во светот. Архитектурата е комбинација од класичен османлиски стил и модерни елементи. Комплексот околу џамијата вклучува и музеј, библиотека, уметничка галерија и конференциски сали, што ја претвора Чамлиџа во вистински културен и духовен центар. Продолжуваме кон Ускудар, едно од најстарите и најавтентични соседства на азиската страна на Истанбул. Познат по својата богата историја, духовна атмосфера и прекрасни погледи кон Босфорот, овој дел од градот нуди вистинско патување низ времето. Главна атракција е Кулата на девојката (Kız Kulesi) – легендарна градба на мало островче, која е симбол на Истанбул и е поврзана со бројни митови и легенди. Од брегот на Ускудар се пружа еден од најубавите погледи кон европската страна и силуетата на Султанахмет. Следува кратка пауза за фотографирање, по што продолжуваме кон Кадикој – една од најживописните, најмодерните и културно најбогатите населби на азиската страна на Истанбул, со сосема поинаква енергија од историскиот центар на градот. Уверени сме дека некои од најдобрите фотографии ќе ги направите токму овде. Слободно време за индивидуален разглед и уживање во населбата. Враќање во хотелот. Во договореното време се упатуваме кон плоштадот Таксим, кој се смета за едно од најпознатите и најживописните места во Истанбул и се наоѓа во модерниот дел од градот. Таксим претставува симбол на урбаниот живот и е центар на културните, забавните и туристичките случувања. Од плоштадот започнува прочуената авенија Истиклал, пешачка улица долга околу 1,5 километри, преполна со продавници, кафулиња, ресторани и уметнички галерии. Една од најпознатите атракции е ретро трамвајот што сообраќа по улицата. Денот го завршуваме со посета на Ортаќој – едно од најшармантните и најпосетуваните соседства во Истанбул. Познат е по својата романтична атмосфера, тесните калдрмисани улички, уметничките галерии и кафулињата со поглед кон морето. Најголемиот симбол на Ортаќој е џамијата Ортаќој (Büyük Mecidiye Camii), изградена во 19 век во барокен стил. Овде ќе ги најдете и најпознатите „компири од Ортаќој“ (kumpir) – специјалитет од печени компири полнети со различни додатоци, кој е задолжителен за сите посетители. Ортаќој е место каде што традицијата и модерниот живот се спојуваат преку ден е совршено за прошетка и разгледување, а навечер се претвора во живо жариште со ресторани, барови и ноќен живот. По сите овие посети се упатуваме кон хотелот. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН 02.01.2027 (САБОТА)

Појадок. По појадокот следува одјавување од хотелот. Денот ќе го започнеме со посета на автентично турско место каде што традицијата и вкусот се спојуваат на највкусен можен начин и каде што ќе имате можност да дегустирате дел од традиционалните слатки производи. Ова не е обична продавница, туку рај за љубителите на слатко. Овде има свежо направени локуми во различни вкусови, домашни баклави кои се топат во уста, кремови, преливи и уникатни турски деликатеси што не се наоѓаат на секој агол, како и многу други традиционални слатки производи. Местото мириса на шеќер, ореви и рози и е совршена можност за дегустација, уживање и, секако, шопинг! Идеално и за подарок… ако нешто остане до дома! Продолжуваме со посета на трговски центар, каде што ќе имаме околу 3 часа слободно време за шопинг, кафе или ручек. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија со ноќно возење и попатни паузи. Се патува преку Грција. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 03.01.2027 (недела).

СОЛО ПАТНИК:

Сами сте, сакате да патувате, а не ви се доплаќа за еднокреветна соба? Нашиот Staff го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние ве спојуваме со непозната личност. Што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста која исто така има уплатено за турата пред да заминете на патувањето и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да ве ослободиме од доплатата за еднокреветна соба и да ви овозможиме да запознаете нова личност и, секако, да создадете ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, се доплаќа за еднокреветна соба.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

-Деца до 2,99 години, во придружба на двајца возрасни, плаќаат само превоз во износ од 50 евра (не користат легло)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат полна сума (добиваат попуст само на факултативите)
-Доплата за еднокреветна соба 60 евра (за две ноќевања)
НАПОМЕНИ:

-Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓањето.
-Дали превозот ќе се реализира со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
-За реализација на патувањето потребни се минимум 45 патници.
-Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 1 € = 62 мкд.
-Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Целосната доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред поаѓањето.
-Во случај на отказ од страна на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото, преку Ultra First Minute или Last Minute понуда, да ги објави и продаде преостанатите слободни капацитети по цени различни од претходно објавените во ценовникот. Лицата кои претходно го уплатиле аранжманот по редовниот ценовник немаат право на надомест на разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/сместувачкиот објект во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, согласно расположливите можности, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
-За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.

адреса
Област:
Округот: Истанбул
Државната: Турција
Земја: Турција
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 47555
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

ноември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 149 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата

Слични Огласи

Аранжмани Нова Година ИСТАНБУЛ 3 ноќи – Истанбул,Турција
По лице 169 евра Промо
попуст за рана резервација
x
По лице 149 евра Промо