Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето
По соба Од 530 евра
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели

Лето 2026 Грција ПЕФКОХОРИ – Вила“Ватерфронт“,Пефкохори,Халкидики,Грција

Лето 2026 Грција
|0 Спални соби|

опис

Пефкохори – Вила WATERFRONT, Грција Лето 2026

Пефкохори е живописно и современо летувалиште кое совршено ја спојува традиционалната грчка убавина со модерниот туристички стил. Опкружен со зелени борови шуми и тиркизно море, нуди бројни можности за рекреација, прошетки и уживање во локалната гастрономија. Плажите во Пефкохори се меѓу најубавите на Халкидики – долги, песочни и со кристално бистра вода која блеска под сонцето. Во непосредна близина се наоѓа Паљури, едно од најубавите места на крајниот југ на Касандра, познато по своите егзотични плажи, јасно сино море и луксузни плажни барови кои создаваат вистинско медитеранско искуство. Ова место е идеално и за семејства и за млади кои сакаат комбинација од релаксација, природна убавина и забава.

Локација:  Вила Waterfront се наоѓа на 20м. од плажа, на самото шеталиште во Пефкохори.

Сместување: Мезонет на 3 спрата (приземје, прв и втор кат)

  • Приземје: Дневен престој  со опремена кујна и дневна соба, гостински тоалет и тераса.
  • Прв кат: Две спални соби со по два единечни кревети, тоалет и тераса.
  • Втор кат: Една спална соба со два единечни кревети, простор со еден клик-клак кауч (возрасен + дете), тоалет, тераса.
  • Терасите на спрат имаат поглед на море.
  • Бебешко креветче и дополнителен помошен кревет.
  • Клима уред е вклучен во цената.
  • Пешкири и хигиенски средства  нема во сместувачките капацитети.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).
  • Водата НЕ се пие.
  • Супермаркет Масутис на околу 1км од вилата.

ЦЕНОВНИК  ЗА 7 НОЌИ

Период Бр.на ноќи 1/6+3 мезонет
31.05-07.06 7 530€
07.06-14.06 7 750€
14.06-21.06 7 860€
21.06-28.06 7 970€
28.06-05.07 7 1190€
05.07-12.07 7 1400€
12.07-19.07 7 1630€
19.07-26.07 7 1850€
26.07-02.08 7 1850€
02.08-09.08 7 1850€
09.08-16.08 7 1850€
16.08-23.08 7 1850€
23.08-30.08 7 1850€
30.08-06.09 7 1630€
06.09-13.09 7 1400€
13.09-20.09 7 1190€
20.09-27.09 7 860€

ЦЕНИТЕ  СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ  НА  АПП   ЗА  7 НОЌИ.

Задожолжителна доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во Агенција).

Превозот се доплаќа

Повратен превоз Еден правец
Возрасен 50€ 40€
Деца од 02-12 год. 40€ 30€
Деца до 2 год. Бесплатно (без седиште) Бесплатно (без седиште)
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ЛОКАЦИЈА

Кликнете на сликата за прикажување на локацијата на Google Maps

Villa WaterFront – објект 17

НАПОМЕНА

  • Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • Водата во апартманите не е за пиење;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст, на вториот аранжман.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат општите услови за патувањe на Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ!

адреса
Област:
Округот: Пефкохори
Државната: Грција
Земја: Грција
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 46702
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
интернет пристап
климатизер
кујна
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

мај 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
јуни 2026
П В С Ч П С Н
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
минато
денес
резервирано
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата

Слични Огласи

Лето 2026 Грција ПЕФКОХОРИ – “Zinova Studios “,Пефкохори,Халкидики,Грција
По соба Од 129 евра
попуст за рана резервација
x
По соба Од 530 евра