Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето

Лето 2027 НЕА ФЛОГИТА – Апартмани“Д- Стонс Вила“,Неа Флогита,Халкидики,Грција

Лето 2027
|0 Спални соби|

опис

Апартмански комплекс (мезонети) „D Stones Villas“ – Неа Флогита

Лоцирани во исклучително мирен дел, на почетокот на Неа Флогита, сместени во природа помеѓу приватни куќи, на околу 200-250 метри од плажа. Мезонетите “D Stones” се четирикреветни, со два одвоени кревета на приземје и во горниот дел по внатрешни скали брачен – француски кревет. Новоизградени во традиционален стил, од дрво и камен, модерни уредени со нови елементи, има огромен заграден двор во зеленило, со сопствен приватен паркинг, скара за користење на гостите. Пред секоја од мезонетите има голема тераса – веранда со балдахини. Кујните се комплетно опремени со основни елементи, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. Туристичката такса се плаќа во туристичка агенција.

Цени и услови

Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз.

Термин Ноќевања Плаќаат 1 и 2 лице Плаќаат 3 и 4 лице
22.5 – 29.5 7 149 65 x 2
29.5 – 5.6 7 169 65 x 2
5.6 – 12.6 7 199 65 x 2
12.6 – 19.6 7 239 65 x 2
19.6 – 26.6 7 279 65 x 2

– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

Цената е објавена за наем на апартман за 7 ноќевања

Термин Ноќевања Четирикреветна мезонета
26.6 – 3.7 7 659
3.7 – 10.7 7 699
10.7 – 17.7 7 779
17.7 – 24.7 7 829
24.7 – 31.7 7 899
31.7 – 7.8 7 899
7.8 – 14.8 7 899
14.8 – 21.8 7 839
21.8 – 28.8 7 799

– Се плаќа целиот апартман без разлика дали во него ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети –

Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

Термин Ноќевања Плаќаат 1 и 2 лице Плаќаат 3 и 4 лице
28.8 – 4.9 7 279 65 x 2
4.9 – 11.9 7 239 65 x 2
11.9 – 18.9 7 199 65 x 2
18.9 – 25.9 7 169 65 x 2

– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

Опис на објект

Напомени и услови:

 

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.

Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.

Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:

За возрасни 3,720 денари (60 евра)

За деца до 11,99 години 2.790 денари (45 евра)

Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.

Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.

Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 ноќевања.

За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, агенцијата може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.

При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

На денот на пристигнување, за гостите во куќите, вработените во т.а. „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“ ќе бидат на располагање до 16ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница  се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.

Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на т.а. „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“ туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.

За информациите добиени од вработените на т.а. “МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“ не може и нема да преземе одговорност.

Агенцијата организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.

Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место

т.а. „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“ не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“ и на самата агенција.

 

 

Тимот на „МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС“ ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.

адреса
Област:
Округот: Неа Флогита
Државната: Грција
Земја: Грција
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 47462
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
интернет пристап
климатизер
кујна
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

ноември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 149 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата

Слични Огласи

Лето 2027 НЕА ФЛОГИТА – Вила“Џулис“,Неа Флогита,Халкидики,Грција
По лице 129 евра Промо
попуст за рана резервација
Лето 2027 НЕА ФЛОГИТА – Вила“Томи“,Неа Флогита,Халкидики,Грција
По лице 149 евра Промо
попуст за рана резервација
x
По лице 149 евра Промо