Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
сигурна реализација
Резултатите од пребарувањето

Аранжмани Декември БУКУРЕШТ и ТРАНСИЛВАНИЈА – Букурешт,Романија

Аранжмани Декември
|0 Спални соби|

опис

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА 8 ми ДЕКЕМВРИ –  РОМАНИЈА

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

ТЕРМИН: 04.12. – 08.12.2026

Божиќниот базар во Букурешт е само една од причините зошто вреди да се посети главниот град на Романија во зима. Букурешт за време на Божиќ е неверојатен, како вистинска бајка! Малите дрвени куќички во кои се продаваат храна, сувенири и греено вино, поставени низ целиот град, празничните песни и светилките што го украсуваат градот го прават Букурешт спектакуларен. Времето во декември е исто така прилично пријатно, а температурите не се толку ниски како во некои други европски градови.

РЕДОВНА ЦЕНА: 189 € / 11.720 мкд.

ПРОМО ЦЕНА ДО 20.11: 159 € / 9.860 мкд.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
–Автобуски превоз
–2 ноќевања со појадок во хотел 3*
–Разглед на Букурешт со водич
–Туристички придружник за време на целиот престој

–Организиран превоз од Кочани, Штип и Велес
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

–Факултативен излет „Трансилванија“: посета на замокот Пелеш со вклучена влезница, посета на Бран со истоимениот замок на Дракула (влезницата за замокот не е вклучена; цена за возрасни 100 леи / 19 €, за студенти 50 леи / 9 €) и посета на градот Брашов, со превоз и придружник – возрасни 65 €, студенти 55 €
–Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт – 45 € (превоз и влезница за бањите со користење на сите простории во времетраење од 3 часа)
–Вечерна посета на стариот дел од градот – 5 €
–Доплата за еднокреветна соба – 60 € за двете ноќевања
–Патничко осигурување – 200 ден.
–Туристичка такса – 5 € по лице, се плаќа во автобус
НАПОМЕНА: Секој патник при уплатата ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за факултативните посети. Доколку патникот дополнително се изјасни, а нема слободни влезници, агенцијата не презема одговорност.Програма:

ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОК) – СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ

Состанок на групата на паркингот кај хотел „Русија“. Поаѓање кон Романија во 20:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) – БУКУРЕШТ

Очекувано пристигнување во Букурешт во утринските часови, по што веднаш започнуваме со разглед на градот.

Палатата на Парламентот

Разгледот на Букурешт го започнуваме со водич и се упатуваме кон една од најимпозантните градби во градот – Палатата на Парламентот, порано позната и како Палата на народот. Слободно време за фотографирање пред ова импозантно архитектонско дело.

Плоштадот на Револуцијата

Следува посета на Плоштадот на Револуцијата, каде што ќе се запознаеме со богатата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат за време на настаните поврзани со падот на режимот на Николае Чаушеску.

Плоштадот е опкружен со важни знаменитости: Кралската палата, во која денес се наоѓа Националниот музеј на уметноста, Романскиот атенеум, Централната универзитетска библиотека, црквата Крецулеску и почетокот на познатата авенија Викториеи.

Calea Victoriei

Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, една од најстарите и најшармантните улици во Букурешт. По оваа рута се наоѓаат голем број значајни историски и архитектонски знаменитости: Палатата CEC, Националниот музеј на историјата, Палатата на националниот војнички круг, Националниот музеј на уметноста и плоштадот Викториеи.

Продолжуваме кон плоштадот Унири, од каде што ја посетуваме Патријаршиската катедрала, со нејзиниот впечатлив византиски ентериер и иконостас.

Куртија Веке

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот – Куртија Веке, поврзан со периодот на владетелот Влад Цепеш – Дракула, како и со денес познатата и шармантна област Липскани.

Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на Букурешт – контрастот помеѓу старото и новото, Истокот и Западот, како и богатата историја на градот.

Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови следува организирана факултативна посета на Божиќниот маркет, со организиран превоз и придружник. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) – ПЕЛЕШ – БРАН – БРАШОВ

Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Следува посета на прекрасниот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

ПЕЛЕШ

Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните кралски палати – грандиозниот замок Пелеш.

Изграден како летна резиденција на првиот романски крал, замокот претставува комбинација од различни класични европски стилови, со италијанска елеганција, германска естетика и ренесансни линии.

На површина од околу 3.200 квадратни метри се простираат 170 соби, уредени во различни стилови. Дворецот поседува и прекрасна колекција на уметнички дела, оружје, мебел, витражи, таписерии и порцелан.

БРАН – „ДОМОТ НА ДРАКУЛА“

Бајковитиот замок Бран е познат како легендарниот „дом на Дракула“, инспириран од романот на Брам Стокер.

Историски, замокот најпрво бил користен за одбрана, а подоцна станал важна точка на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Влашка. Иако Влад Цепеш никогаш не живеел во овој замок, местото денес е нераскинливо поврзано со легендата за Дракула.

Од 1920 година замокот станал кралска резиденција и дом на кралицата Марија. Денес претставува музеј во кој историјата, митовите, легендите и мистичната атмосфера создаваат посебно доживување за посетителите.

БРАШОВ

Брашов се наоѓа во централниот дел на Романија, опкружен со Јужните Карпати. Познат е и како „Градот на Саксонците“, а неговиот Стар град е еден од најдобро зачуваните во регионот.

Архитектурата на градот ги отсликува различните историски влијанија. Центарот е препознатлив по Casa Sfatului и прекрасниот плоштад што ја опкружува.

Во близина се наоѓа и познатата Црна црква, една од највпечатливите знаменитости на Брашов. Враќање во хотелот во Букурешт. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) – ТЕРМАЛНИ БАЊИ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Околу 10:00 часот следува факултативно заминување кон Термалните бањи, кои се наоѓаат во северниот дел на Букурешт, на околу 30 км од центарот на градот.

Дозволете си едно поинакво утро и 3 часа целосно опуштање во Термалните бањи. Комплексот располага со базени со термална вода, сауни, парни бањи, водени лизгалки и прекрасна ботаничка градина со голем број егзотични растенија и палми. За патниците кои нема да ги посетат Термалните бањи е предвидено слободно време во трговски центар. Поаѓање за Македонија во договорено време со придружникот.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 08.12.2026 (вторник).

СОЛО ПАТНИК:

Сами сте, сакате да патувате а не ви се надоместува за еднокреветна соба? Нашиот Staff го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба, според дадените услови.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

–Деца до 2,99 години, во придружба на две возрасни лица, плаќаат само превоз во износ од 50 € (не користат легло)
–Деца од 3 до 11,99 години плаќаат полна сума (добиваат попуст само на факултативните излети)
НАПОМЕНА:

–За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
–Дали превозот ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
–Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош. Целосната доплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓањето.
–Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.
–Важноста на патните документи треба да биде минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
–Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување.
–Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
–Агенцијата го задржува правото преку „ultra first minute“ или „last minute“ понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
–Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, според можностите во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
–Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
–За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

адреса
Област:
Округот: Букурешт
Државната: Романија
Земја: Романија
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација,сигурна реализација
Имот ID: 47504
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
бар / ресторан
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

ноември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 159 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 159 евра Промо