Ресетирање На Лозинка

Резултатите од пребарувањето

Аранжмани Декември КРАЈОВА – Крајова,Романија

Аранжмани Декември
|0 Спални соби|

опис

КРАЈОВА БОЖИЌЕН МАРКЕТ СО ПОСЕТА НА ВИДИН И НИШ – РОМАНИЈА

КРАЈОВА БОЖИЌЕН МАРКЕТ СО ПОСЕТА НА ВИДИН И НИШ

Термин:28.11-29.11.2026

Крајова, Романија, е на подиумот на најдобрите божиќни пазари во Европа. Ова признание го одразува извонредниот раст на пазарот, со над 280.000 квадратни метри, што го прави најголемиот божиќен настан во Европа. Крајова навистина стана божиќна престолнина на Романија и Европа. Оваа година, темата на божиќниот пазар е иконската приказна за Оревокршачката, која е оживеана со илјадници џиновски слатки и играчки украси што го покриваат центарот на градот, осветлени од милиони неверојатни светлосни декорации. Во Крајова, можете да уживатеи да ја видите највисоко летачката санка на Дедо Мраз во Источна Европа, да се возите на огромното панорамско тркало или да танцувате на лизгалиштето. Декорации инспирирани од самовили, џинови и кукли седат покрај штандови украсени како вртелешки. Од мирисот на меденки и греено вино, до незаборавни уметности и занаети, сè е дизајнирано да ви овозможи незаборавно искуство. Градот е осветлен од милиони светла, а рачно насликаните колиби додаваат бајковит шарм. Крајова Ве очекува !

ЦЕНА: 109 ЕВРА / 6.760 мкд

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-1 ноќевање со појадок во Видин
-Автонуски превоз
-Посета на Крајова
-Посета на Видин
-Посета на Ниш
-Придружник од агенција за време на патувањетоЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Здравствено осигурување
-Влезници за туристички места
-Лични трошоци
-Доплата за еднокреветна соба

Програма:
ПРВ ДЕН 28.11. 2026 (САБОТА) СКОПЈЕ-ВИДИН
Поаѓање во раните утрински часови од Кавадарци, попатно Велес, Скопје и Куманово. Патуваме преку Србија и граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Видин, град со богата историја и дух, сместен на брегот на Дунав. Посета на тврдината „Баба Вида“, која датира од 10 век, единствената целосно зачувана средновековна тврдина во Бугарија.
Сместување во Хотелот во Видин, краток одмор и заминување за Крајова. Крајова, жив и шарен град, шести по големина во Романија. Прошетка низ паркот „Николае Романеску“, вистински зелен бисер со историја долга повеќе од еден век. Ќе бидете импресионирани од романтичниот замок, висечкиот мост, езерото и живописните улички што го прават местото особено привлечно. Можност за посета на трговскиот центар Електропутере (околу 2 часа) за љубителите на шопинг. Следува кулминација, посета на Божиќниот пазар во Крајова, сместен на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Посетителите ги очекуваат раскошни светлечки декорации, разни штандови, празнична програма и магична атмосфера. Слободно време за прошетка и потопување во духот на Божиќ. Враќање во Видин. Ноќевање.ВТОР ДЕН 29.11.2026 (НЕДЕЛА)

Појадок. Одјавување од хотелот. Слободно време прошетка низ прекрасната градина на Дунав или можност за посета на интересни места како што се Крстовите касарни, Турскиот конак-денешен Регионален историски музеј, или катедралата „Свети Димитар“, третата највисока црква во Бугарија. Во пладневните часови заминување кон Македонија со попатна пауза во Ниш.

Ниш, еден од најинтересните градови во Србија, познат по својата богата историја, жив центар и пријатна атмосфера. За време на прошетката ќе имате можност да уживате во централниот плоштад „Крал Милан“,  пешачка улица „Обреновиќ“, тврдината Ниш и живописните паркови покрај реката Нишава. Слободно време за прошетка, кафе..Во вечерните часови групата се упатува кон Македонија. Пристигнување во Македонија околу полноќ.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

-Деца до 11.99г плаќаат 99евра

НАПОМЕНИ:

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат општите услови за патување на Т.А МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС

адреса
Град:
Област:
Округот: Крајова
Државната: Романија
Земја: Романија
детали
Имот ID: 47513
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
бар / ресторан
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

ноември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 109 евра
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 109 евра