Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
сигурна реализација
Резултатите од пребарувањето

Аранжмани Декември ИСТАНБУЛ – Истанбул,Турција

Аранжмани Декември
|0 Спални соби|

опис

ИСТАНБУЛ 8-ми ДЕКЕМВРИ – ТУРЦИЈА

ИСТАНБУЛ

ТЕРМИН: 05.12. – 08.12.2026

Добредојдовте во магичниот Истанбул – градот на два континента, каде што историјата, културата и модерниот живот создаваат незаборавна атмосфера!

Ќе ги откриеме Капали Чаршија, Хиподромот и Аја Софија, ќе уживаме во крстарење по Босфорот и ќе го почувствуваме ритамот на Таксим и Ортаќој. Ќе ја посетиме и азиската страна – Ускудар и Кадикој, познати по својата автентична атмосфера и традиционални турски вкусови.

Подгответе се за патување исполнето со историја, култура, гастрономија и незаборавни погледи!

РЕДОВНА ЦЕНА: 139 € / 8.620 ден.

ПРОМО ЦЕНА ДО 20.11: 125 € / 7.750 ден.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
–Автобуски превоз (Кочани, Штип, Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија)
–2 ноќевања во хотел 3* со појадок
–Разглед на Капали Чаршија и Хиподромот

–Туристички придружник за време на целото патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
–Посета на Таксим и Ортаќој – 25 € (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
–ИСТАНБУЛ ПАКЕТ – 60 €:
Посета на продавница за слатки и локуми
Крстарење по Босфорот
Посета на џамијата Чамлџа
Посета на Ускудар (кратка пауза за фотографирање)
Посета на Кадикој – една од најпознатите населби на азиската страна
–Традиционална турска вечер – 45 € по лице (трбушен танц, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалаци и вечера)
–Туристичка такса – задолжителна доплата од 5 € по лице за две ноќевања
–Патничко осигурување
НАПОМЕНА: Пред уплата на аранжманот, патникот задолжително се изјаснува дали ќе го користи пакетот екскурзии од 60 €, поради навремена организација.
Програма:


ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОК)
Состанок на групата во 15:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Се патува преку Грција.

ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА)
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Капали Чаршија со локален водич, па сè до Хиподромот, каде што се лоцирани Аја Софија и Сината џамија. Слободно време за индивидуални активности. Влезот во хотелот е по 14:00 часот.
Во договореното време се упатуваме кон плоштадот Таксим, кој се смета за едно од најпознатите и најживописни места во Истанбул, лоцирано во модерниот дел од градот. Таксим претставува симбол на урбаниот живот и е центар на културните, забавните и туристичките случувања. Од плоштадот започнува прочуената авенија Истиклал, пешачка улица долга околу 1,5 километри, преполна со продавници, кафулиња, ресторани и уметнички галерии. Една од најголемите атракции е ретро трамвајот што сообраќа по улицата.
Денот го завршуваме со посета на Ортаќој – едно од најшармантните и најпосетувани соседства во Истанбул. Познат е по својата романтична атмосфера, тесните калдрмисани улички, уметничките галерии и кафулињата со поглед кон морето. Најголемиот симбол на Ортаќој е џамијата Ортаќој (Büyük Mecidiye Camii), изградена во 19 век во барокен стил.
Овде ќе ги најдете и познатите „компири од Ортаќој“ (kumpir) – специјалитет од печени компири полнети со различни додатоци, кој е задолжителен за многу посетители.
Ортаќој е место каде што традицијата и модерниот живот се спојуваат – преку ден е совршено за прошетка и разгледување, а навечер се претвора во живо место со ресторани, барови и ноќен живот. По посетите се упатуваме кон хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА)
Појадок. Денот ќе го започнеме со посета на автентично турско место каде што традицијата и вкусот се спојуваат на највкусен можен начин и каде што ќе имате можност да дегустирате дел од традиционалните слатки производи.
Ова не е обична продавница, туку вистински рај за љубителите на слаткото. Овде ќе најдете свежо подготвени локуми во различни вкусови, баклави кои се топат во уста, кремови, преливи и уникатни турски деликатеси. Местото мириса на шеќер, ореви и рози и е совршена можност за дегустација, уживање и, секако, шопинг!
Потоа следува еден од најубавите моменти од патувањето, крстарење по Босфорот. Босфорот претставува едно од највеличествените природни богатства на Истанбул и вистинска атракција која го прави градот единствен во светот. Тој го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а воедно ги разделува европскиот и азискиот дел на градот.
Ќе имаме можност да го доживееме Истанбул од поинаква перспектива. Ќе ги видиме величествените мостови, луксузните палати познати од турските серии, историските јали (традиционални куќи покрај морето), како и модерните марини и рестораните на брегот.
Се упатуваме кон џамијата Чамлџа – симбол на модерниот Истанбул, која воедно претставува најголема џамија во Турција и еден од најновите симболи на градот. Сместена е на ридот Чамлџа, од каде што се отвора спектакуларен панорамски поглед кон градот и Босфорот.
Изградена е и отворена во 2019 година, со капацитет од над 60.000 верници, што ја прави една од највеличествените џамии во светот. Архитектурата претставува комбинација од класичен османлиски стил и модерни елементи. Комплексот околу џамијата вклучува музеј, библиотека, уметничка галерија и конференциски сали.
Продолжуваме кон Ускудар, едно од најстарите и најавтентични соседства на азиската страна на Истанбул. Познат по својата богата историја, духовна атмосфера и прекрасни погледи кон Босфорот, овој дел од градот нуди вистинско патување низ времето.
Главна атракција е Кулата на девојката (Kız Kulesi) – легендарна градба на мало островче, која е еден од симболите на Истанбул и е поврзана со бројни митови и легенди. Од брегот на Ускудар се пружа еден од најубавите погледи кон европската страна и силуетата на Султанахмет.
По кратка пауза за фотографирање, продолжуваме кон последното место предвидено за посета е Кадикој, една од најживописните, најмодерните и културно најбогатите населби на азиската страна на Истанбул. Кадикој има сосема поинаква енергија од историскиот центар на градот и сме уверени дека токму овде ќе направите прекрасни фотографии. Слободно време за индивидуален разглед и уживање во населбата. Враќање во хотел.
Подгответе се за вечер исполнета со ритам, бои и традиција! Ќе уживаме во вистинско ориентално шоу со трбушен танц, вечера и неограничени пијалаци. Атмосферата е незаборавна – музика, танц и веселба инспирирани од традицијата на Отоманската Империја. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)
Појадок. По појадокот следува одјавување од хотелот, по што се упатуваме кон трговски центар, каде што ќе имаме околу 3 часа слободно време за шопинг, кафе или ручек. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија со ноќно возење и попатни паузи. Се патува преку Грција.
Пристигнување во Македонија во утринските часови на 08.12.2026 (вторник).

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
–Деца до 2,99 години, во придружба на две возрасни лица, плаќаат само превоз во износ од 50 € (не користат легло)
–Деца од 3 до 11,99 години плаќаат полна сума (добиваат попуст само на факултативните излети)
–Доплата за еднокреветна соба – 50 € (за две ноќевања)

 
НАПОМЕНИ:
–Важноста на патните документи треба да биде минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

–Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување.
–Дали превозот ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
–За реализација на патувањето потребни се минимум 45 патници.
–Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.
–Важноста на патните документи треба да биде минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
–Целосната доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
–Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку „ultra first minute“ или „last minute“ понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовниот ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
–Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, според можностите во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
–Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
–За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.

адреса
Област:
Округот: Истанбул
Државната: Турција
Земја: Турција
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација,сигурна реализација
Имот ID: 47527
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
бар / ресторан
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

ноември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 125 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 125 евра Промо