Ресетирање На Лозинка

попуст за рана резервација
Резултатите од пребарувањето

Аранжмани Декември САРАЕВО – Сараево,Бункер на Тито,Мостар,Босански Пирамиди,БиХ

Аранжмани Декември
|0 Спални соби|

опис

САРАЕВО И МОСТАР 8-ми ДЕКЕМВРИ –  БиХ

САРАЕВО И МОСТАР 8 ДЕКЕМВРИ

ТЕРМИН: 04.12. – 08.12.2026

Дали знаете дека Сараево е во топ 5 градови во светот за посета во 2026 година?

Мешавината од култури и религии, како и спојот на минатото и сегашноста, се она што го прави Сараево посебно. Со оваа програма ќе имате можност да посетите дел од најзначајните и најубавите места во Босна и Херцеговина.

РЕДОВНА ЦЕНА: 139 € / 8.620 мкд.

ПРОМО ЦЕНА ДО 20.11: 115 € / 7.130 мкд.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз (Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово)
-2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Сараево
-Разглед на Сараево со водич
-Посета на Андриќград и Вишеград
-Туристички придружник за време на целото патувањеЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Пакет „Неретва“ ( Коњиц, Јабланица и Мостар) – 70 €;
-Посета на Босанските пирамиди – 25 € (се плаќа во автобус)
-Туристичка такса – 5 € по лице за 2 ноќевања (се плаќа во автобус)

-Крстарење по Дрина – 10 € по лице

Програма:

ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОК) – СКОПЈЕ – САРАЕВО

Состанок на групата во 21:30 часот пред хотел „Русија“. Поаѓање за Сараево во 22:00 часот. Ноќно возење преку Србија.

ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) – САРАЕВО

Пристигнување во Сараево, по што следува разглед на градот со локален водич. Сараево е поделено на три дела: османлискиот дел, каде што се наоѓа Башчаршија; австроунгарскиот дел, каде што се спојуваат различни култури и доминираат австроунгарските градби; и југословенскиот дел. Додека шетате низ Сараево, ќе имате чувство како да преминувате од еден град во друг. Разгледот го започнуваме кај Вијеќница (Vijećnica), една од најрепрезентативните градби во Сараево, која се наоѓа покрај реката Миљацка. Продолжуваме кон Башчаршија, симболот на градот, каде што ќе имате можност да ги вкусите познатите сараевски ќебапи и традиционалниот сараевски бурек. Ќе ја видиме Гази Хусрев-беговата џамија, позната и како Беговата џамија, сместена во срцето на Башчаршија. Заедно со Саат-кулата, таа е една од најпрепознатливите знаменитости на градот. Ќе стигнеме и до местото каде што симболично се спојуваат културите на Истокот и Западот, ќе го видиме хотелот „Европа“, како и Вечниот оган (Vječna vatra) – споменик посветен на воените и цивилните жртви од Втората светска војна во Сараево. На крајот од разгледот ќе го посетиме местото каде што на 28 јуни 1914 година бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд, како и Латинскиот мост, еден од најстарите мостови во Сараево. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме посета на познатата сараевска пивница Pivnica HS, со традиција од 1864 година.

Сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР

Појадок во хотел. Бидете подготвени за еден долг и прекрасен ден! 😊

Денот го започнуваме со посета на Бункерот на Тито. Бункерот, со површина од околу 6.500 квадратни метри, се состои од повеќе од 100 простории, канцеларии и конференциски сали. Јосип Броз Тито ја започнал изградбата на овој објект во близина на Коњиц, со цел да обезбеди засолниште за државниот и воениот врв во случај на нуклеарен напад. Објектот, познат како Д-0 АРК, бил изграден во тајност во периодот од 1953 до 1979 година, за време на Студената војна. По разгледот на Бункерот на Тито следува кафе-пауза во Коњиц – град на мостови и прекрасна природа, каде што Неретва ги спојува традицијата, авантурата и убавината на Херцеговина. По посетата на Коњиц продолжуваме кон Јабланица, место познато по Битката на Неретва. Битката на Неретва била една од најпознатите битки за време на Втората светска војна во Југославија, позната и како „Битката за ранетите“. Настаните биле овековечени и во филмот „Битката на Неретва“, во кој играат познати актери како Јул Бринер и Орсон Велс. Ќе имате можност да го видите срушениот мост, а патувајќи кон Херцеговина ќе уживате во прекрасните пејзажи, клисурите и погледите кон реката Неретва. Денот го завршуваме со посета на Мостар, еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина. Следува прошетка до Стариот мост, кој заедно со стариот дел на градот е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, како и посета на Кривата Чуприја и старата мостарска чаршија, која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва. Мостар никого не остава рамнодушен. Неговите камени улички, Неретва и прекрасниот Стар мост создаваат посебна атмосфера. Ќе имате можност и за кратко и атрактивно возење со глисер по Неретва, како и слободно време за ручек или кафе во старата чаршија со поглед кон Стариот мост – симболот на Мостар и една од најпознатите знаменитости на Босна и Херцеговина.

Враќање во хотел. Можност за посета на паб доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) – БОСАНСКИ ПИРАМИДИ – ВИШЕГРАД – АНДРИЌГРАД – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Посета на Босанските пирамиди и тунелите Равне. Непосредно под долината на пирамидите се наоѓа подземен комплекс на тунели, низ кој е организирана посета. По посетата продолжуваме кон Вишеград, мало гратче во Босна и Херцеговина, сместено на сливот на реките Рзав и Дрина. Овде ќе го видиме надалеку познатиот Мост на Дрина, прославен преку делото на нобеловецот Иво Андриќ. Во Вишеград ќе имаме можност да го посетиме и Андриќград (Каменград) – културен и туристички комплекс создаден по иницијатива на режисерот Емир Кустурица. Слободно време за прошетка или факултативно крстарење по Дрина. Заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје по полноќ, на 08.12.2026 година.

СОЛО ПАТНИК

Сами сте, сакате да патувате, а не сакате да доплаќате за еднокреветна соба? Нашиот STAFF го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ви нудиме можност да бидете сместени со друг соло-патник. Пред патувањето ќе имате можност да се запознаете со личноста со која би ја делеле собата. Нашата цел е да им овозможиме на соло-патниците да избегнат доплата за еднокреветна соба, а воедно да запознаат нови луѓе и можеби да создадат ново пријателство. Доколку сепак сакате да бидете сами во соба, можете да доплатите за еднокреветно сместување.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-Деца до 2,99 години, во придружба на две возрасни лица, плаќаат само превоз во износ од 50 € (не користат легло)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат полна сума (добиваат попуст само на факултативните излети)
-Можност за доплата за превоз од Битола и Прилеп
-Доплата за еднокреветна соба – 50 € за двете ноќевањаНАПОМЕНИ: 
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош. Целосната доплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.
-Важноста на патните документи треба да биде минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку „ultra first minute“ или „last minute“ понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, според можностите во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите, при што за откажаните излети следува рефундација.
-За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.

адреса
Град:
Округот: Сараево
Државната: Босна и Херцеговина
Земја: Босна и Herzegowina
детали
Имотната Состојба: попуст за рана резервација
Имот ID: 47537
препорачано
кревет и купатило
основни
објекти
бар / ресторан
вклучен појадок
фамилијарен / погоден за деца
удобности
Wi-Fi интернет
греење
интернет пристап
Други Карактеристики
TV - телевизија / телевизор
услови
дозволено пушење
дозволено за домашни миленици
Дозволени се забави
дозволено за деца

Достапност

ноември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
 
декември 2026
П В С Ч П С Н
 1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
 
минато
денес
резервирано
По лице 115 евра Промо
×

резервирај сега

Гости
Возрасни лица
На возраст од 13 години или над
0
Деца
На возраст од 2 до 12
0
бебиња
Под 2 години
0
Затворете

Додади во Омилени
контактирај ја агенцијата
Сподели
  • коментари

    Нема коментари за приказ.
  • пребарување

    Повеќе Опции За Пребарување

МС Травел Сервис

Нашата агенција има богато искуство во областа на туризмот. Ви стоиме на располагање за било какви информации поврзани со овој аранжман , слободно може да не контактирате 24/7 со задоволство ке удоволиме на Вашето барање…

погледни го профилот на агенцијата
контактирај ја агенцијата
x
По лице 115 евра Промо