Аранжмани Декември ТЕМИШВАР и СИБИУ – Темишвар,Романија
опис
ТЕМИШВАР И СИБИУ 8 ДЕКЕМВРИ
ТЕРМИН: 04.12. – 08.12.2026
Темишвар, трет најголем град во Романија, во 2023 година беше прогласен за Европска престолнина на културата. За време на турата ќе го посетиме и величествениот замок Корвин (Хуњади), еден од најубавите средновековни замоци во Романија, со кој се поврзуваат и легендите за Влад III – Дракула. Ќе го откриеме и Сибиу, град во срцето на Трансилванија, препознатлив по необичните прозорци на покривите кои изгледаат како очи, поради што го носи прекарот „Градот со очи“.
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 € / 10.480 мкд.
ПРОМО ЦЕНА ДО 20.11: 149 € / 9.240 мкд.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз
-2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Темишвар
-Разглед на Темишвар со локален водич
-Туристички придружник за време на целото патување
-Организиран превоз од Кочани, Штип и КумановоЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Вечерна посета на Christmas Market во Темишвар – 5 €
-Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и посета на градот Сибиу – 60 €
-Посета на Термалните бањи Амазониа, превоз и влезница – 40 €
-Туристичка такса – 5 € по лице за двете ноќевања (се доплаќа во автобус)
-Патничко осигурување
Програма:
ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОК) – СКОПЈЕ – ТЕМИШВАР
Состанок на групата кај хотел „Русија“ во 23:00 часот. Имаме организирани поаѓања од Кочани, Штип, Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.
ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) – ТЕМИШВАР
Пристигнување во Темишвар во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштадот на Победата, Романската опера, Плоштадот на слободата, Плоштадот на обединувањето, Српската православна црква, Барокната палата и Римокатоличката катедрала. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одмор.
Посета на божиќниот маркет во Темишвар. Враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) – ТЕМИШВАР – ЗАМОКОТ КОРВИН – СИБИУ
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е кај замокот Корвин, познат и како замокот Хуњади, кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа. Оваа готска тврдина од 15 век плени со своите непробојни ѕидови, колосалниот подвижен мост и бројните правоаголни и кружни кули, кои некогаш служеле како стражарници и простории за затворениците. Внатре ќе ја посетиме занданата и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, биле фрлани затвореници. Продолжуваме кон Сибиу, градот на божиќните маркети во Романија.
Овде нè очекува вистинско CHRISTMAS SURPRISE! Божиќниот маркет во Сибиу е еден од најпознатите во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, како и божиќните песни, ќе ве внесат во вистинска предновогодишна магија. Како дополнително уживање, тука се панорамското тркало, рингишпилот и омилената атракција на најмладите, тоа е куќата на Дедо Мраз. Слободно време за уживање во божиќниот пазар. Враќање во хотел. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) – ТЕМИШВАР – ТЕРМАЛНИ БАЊИ – СКОПЈЕ
По појадокот следува одјавување од хотелот и заминување кон Термалните бањи Амазониа. Амазониа располага со спа-центар (финска сауна, био-сауна, парна бања, инфрацрвена сауна, солена соба и џакузи со хидромасажа), аквапарк (надворешни и внатрешни базени со 7 лизгалки, базени за деца, базен за релаксација, термален базен и сл.), медицински масажи, ресторан и бар. Тука ќе имате 4 часа слободно време за одмор и уживање во Термалните бањи Амазониа.
Во попладневните часови следува заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови, околу полноќ.
СОЛО ПАТНИК:
Сами сте, сакате да патувате а не ви се надоместува за еднокреветна соба? Нашиот Staff го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден.
-Деца до 2,99 години плаќаат 50 € за превоз и имаат бесплатно сместување доколку се придружувани од две возрасни лица (не користат легло)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат целосна сума за аранжманот, а добиваат попуст само на факултативните излети
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување.
-Дали превозот ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
-За реализација на патувањето потребни се минимум 45 патници.
-Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.
-Важноста на патните документи треба да биде минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Целосната доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку „ultra first minute“ или „last minute“ понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, според можностите во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
-За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. МС-ТРАВЕЛ СЕРВИС.
Достапност
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||




